Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зоран Бибановиќ, Сараево: Туризам во земјата на парцијални интереси

0
By Нова ТВ on March 8, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 8, 2021 00:42

Пишува Зоран Бибановиќ

Уште во раните фази на човештвото, патувањето било составен дел од секојдневниот живот. Античкиот Рим градел патишта и бањи, а поради честите измами на лековерните патници од страна на кафеанџиите, бродарите, коњушарите… настанало римското право. Географот Страбон се восхитувал на безбедноста на лицата, имотот и трговијата во времето на Август и неговиот наследник Тивериј. Античкиот писател Плиниј ги споменува Грција, Мала Азија и Египет како места што треба да ги посети секој барем малку цивилизиран човек.

Модерниот туризам започна во средината на деветнаесеттиот век, со појавата на железничките пруги и паробродите. Со пронаоѓањето на автомобилот се отворија нови дестинации, а со појавата на чартерот во воздушниот сообраќај (средината на 20 век), светот навистина стана „глобалното село“ на Маклуан.

Туризмот во светот (2019 година) претставуваше 10% од глобалниот БДП, 30% од светскиот извоз на услуги и 7% од извозот на стоки. Европа остварува 41% од светскиот приход од туризам. Туризмот вработуваше 1 од 10 работни места во светот, а во 2019 година биле евидентирани 1,5 милијарди патници. Едноставно, туризмот е главен фактор во целокупното закрепнување на економијата.

За прв пат во целокупната историја на човештвото, пандемијата на вирусот Ковид-19 драматично се одрази врз туристичката индустрија. Иако нема да исчезне, ќе претрпи големи промени во насока на унапредување на културата на живеење и квалитетот на животот.

Босна и Херцеговина нема атрибути за развој на масовниот туризам (сонце, море, плажа) и веројатно никогаш нема да стане дестинација за масовен одмор на просечниот европски граѓанин.

Но, се поставува сериозно прашање: кој е тој што ќе работи на афирмирање на особеностите на дестинацијата БиХ, нејзината различност во однос на другите дестинации и конкуренти, и нејзината впечатливост во очите на набудувачите?

Дејтонскиот мировен договор не предвиде чадорска надлежност на државата за развој на туризмот, Туристичката заедница на Федерацијата БиХ не е активна од 2015 година. Кантоните и ентитетите се правно надлежни за туризам, неговиот успех зависи најмногу од способноста на туристичките работници.

Времето на несреќната пандемија Ковид 19 е можност за министерствата надлежни за туризмот да покажат поголем степен на разбирање на неговата важност и да дадат решенија и помош за надминување на сегашната состојба.

Помошта на меѓународната заедница во овој поглед е неизмерно важна. УСАИД ја препозна важноста на туристичкиот сектор и започна проект вреден 20 милиони долари, кој ќе трае во следните 5 години. Или поддршката на Советот за регионална соработка на тур-операторите од шест економии од Западен Балкан за развој на авантуристички туризам, туризам и уметност… Тие неодамна го започнаа натпреварот FUTOURISMO за Западен Балкан, барајќи иновативни дигитални решенија кои ќе помогнат во ублажувањето на негативното влијание на пандемијата Ковид-19 врз туризмот и во зачувување на работните места.

Пред Ковид-19, туризмот имаше силен раст со над 2 милиони ноќевања и над 400 милиони евра приход, иако позицијата на БиХ на списокот на Светската трговска организација не е на завидно ниво. Од 142 члена е дури на 105-то место. Ковид-19 предизвика пад на бројот на ноќевања од над 80%, многу луѓе останаа без работа. Туристичките работници први го кренаа својот глас за загрозеноста на оваа стратешка економска гранка.

Владите на ентитетите усвоија протоколи со цел БиХ на меѓународно ниво да добие сертификација за почитување на Ковид стандардите и протоколите. А само конкретна и координирана поддршка на сите нивоа на власта може да помогне во развојот на туризмот и унапредувањето на општествената хармонија преку активирање на богатото културно наследство и природните убавини на БиХ.

Дали ќе се разбере како развојот на туризмот е економски, а тоа значи и социјален и политички интерес!?

И најважното прашање: како да се постигне ова во земја со парцијални интереси?

 

Зоран Бибановиќ, повеќедецениски вработен во туризмот, специјализиран за стратешки развој, директор на неколку туристички организации во јавниот и приватниот сектор.

Текстот, насловот и фотографијата се преземени од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.