Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен денеска го објави Годишниот извештај за работата за 2012 година.
„На самитот во Чикаго, НАТО се состана со четирите партнери што се аспиранти за членство во НАТО – Босна и Херцеговина, Грузија, Црна Гора и поранешната југословенска Република Македонија“, се вели во Годишниот извештај.
Расмусен ја повтори својата посветеност за прием на нови членки.
„НАТО ќе продолжи да работи со сите четири земји на реформите неопходни за исполнување на стандардите на Алијансата”, стои во поглавјето насловено „Задржување на политиката на отворени врати”.