Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривична пријава за директорот на ЈП “Чистота и зеленило“ Куманово

0
By Нова ТВ on February 26, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 26, 2014 13:10

СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против лицата: С.П. (46) од Куманово, А.К. (38) од Свети Николе, поради постоење основано сомнение дека ги сториле кривичните дела – “злосторничко здружување“, член 394 став 1 и “злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против лицата Б.Ј. (52); С.М. (42) и С.Г.(54) сите од Куменово.

Првопријавениот С.П., директор на ЈП “Чистота и зеленило“ Куманово заедно со второпријавениот А.К. сопственик и управител на браварската работилница “Дух“ ДООЕЛ Свети Николе по претходен договор на точно неутврденa датa и место создале група со цел браварската работилница “Дух“ да се здобие со противправна имотно корист во износ од 5.300.000 денари а од друга страна со истиот износ да биде оштетено ЈП.

Имено, С.П. злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на своето службено овластување иницирал набавка на три половни комунални ТМВ за подигање, собирање и транспортрање на смет и едно половно специјално моторно возило – метлачка за потребите на претпријатието преку Постапка за доделување на договр за јавна набавка-Тендер.

По распишување на тендерот во постапка на одлучување Б.Ј., С.М. и С.Г. ја злоупотребиле својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на нивните службени овластувања на начин што како членови на Комисијата за јавни набавки при ЈП “Чистота и зеленило“. Имено, тие на 30.04.2012 година, при отворање на двете понуди од браварската работилница “Дух“ ДООЕЛ Свети Николе и Друштвото за еколошки, комунални и други услуги „Еко Тера Интернационал„ ДООЕЛ Скопје постапиле спротивно на законот и не ги провериле техничките понуди поднесени од двата понудувачи а кои се во врска со условите и барањата од техничките спецификации од тендерска документација во поглед на тоа дали понудените возила се регистрирани со македонски регистарски таблици и дали се со извршена хомологација, односно дали истите да ги исполнуваат важечките законски прописи на РМ.

Спортивно на ова тие само утврдиле дека понудата на Друштвото за еколошки, комунални и други услуги „Еко Тера Интернационал„ ДООЕЛ Скопје е некомплетна и ја отфрлиле од понатамошна евалуација а ја прифатиле претходно договорената понуда од браварската работилница “Дух“ ДООЕЛ Свети Николе иако и таа била некомплетна односно фирмата воопшто ги немала понудените возила во РМ, ниту пак тие биле регистрирани на македонски регистарски таблици и со извршена хомологација.

По изготвување на записник од отворање на понудите истите му овозможиле на А.К. да ги донесе и да ги регистрира возилата во РМ, односно да го спроведе претходно направениот договор со С.П. по што возилата за сума од 61.764 евра со ДДВ биле набавени од страна на понудувачот браварска работилница “Дух“ ДООЕЛ Свети Николе а на ЈП „Чистота и зеленило„ Куманово и биле продадени за 86.179 евра без ДДВ, со што оствариле профит од 34.219 евра кои пари по претходен договор би биле поделени помеѓу С.П. и А.К.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.