Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конкурс за упис во стручните училишта ќе се прави според потребите на компаниите

0
By Нова ТВ on March 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 9, 2021 12:48

Во средните стручни училишта ќе се објавуваат конкурси за запишување според потребите на компаните, најави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска на последната дебата од карванот за модернизација и унапредување на средното стручно образование, којашто се одржа во Општина Илинден.

„Со оваа последна средба од карванот „Учи паметно, работи стручно“ ја затвораме целата дискусија и преминуваме кон подготовка на конкурс за запишување во средните стручни училишта, којшто за прв пат се прави на овој начин и кој ќе биде објавен на 31 март“, рече Царовска.

„Навистина се значајни овие средби кои изминатиов месец и половина ги работиме заедно со општините, со стопанските комори и училиштата. Кога го започнавме овој карван на средби на коишто се одвива социјален дијалог за запишување на ученици во средните стручни училишта, започнавме со едно истражување со кое се испитаа 450 компании и 85 отсто од нив кажаа дека може да ги отворат вратите за ученици од средните стручни училишта, заради тоа што компаниите ја препознаваат потребата праксата да се одвива директно во компаниите, а со тоа да помогнат при подготовка на нивниот иден кадар и да помогнат на образовниот процес тој да биде поквалитетен“, рече Царовска, напоменувајќи дека низ средбите се покажа дека најголем дел од компаниите речиси во секој град се одзваа и се подготвени да отворат дуална паралелка или да примат ученици на феријална пракса.

На истиот овој начин, додаде министерката, продолжуваме и понатаму да ги креираме програмите за наредната учебна година во средните стручни училишта заедно со компаниите, онаму каде што има потреба од подобрување или усогласување на работниот процес во компанијата, училиштето и Центарот за стручно образование да ги препознаат тие потреби од измени во програмите и заеднички да успееме да имаме што поподготвени ученици од кои дел ќе продолжат во високото образование, а дел од нив ќе бидат директно вработливи на пазарот на труд.

„На тој начин ја сервисираме потребата од стручен кадар во нашата држава за којшто во изминативе години се покажуваше дека недостига. Очекувам во наредниот период дека сите засегнати страна интензивно ќе ја следат оваа постапка, како ќе се објави конкурсот и начинот на којшто ќе успееме да привлечеме повеќе ученици во средните стручни училишта од изминатите години, потенцираше Царовска.

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, изрази целосна поддршка на програмата и иницијативата на Министерството за образование и наука, во делот на подготовка на младите луѓе за влегување на пазарот на трудот.

„Оваа иницијатива е целосно комплементарна и со напорите на Дирекцијата и Владата за зајакнување не само на вештините и продуктивноста, која на крајот треба да резултира со еден засилен интезитет на раст на платите, не само на работниците кои што се ангажирани кај странските инвеститори, туку и генерално на ниво на целата држава“, додаде Деспотовски.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, истакна дека општините се тие кои имаат обврска да обезбедат поквалитетни услови за учениците и наставниците.

„Општина Илинден е вклучена во овој процес со потпишување на меморандуми за образование со повеќе компании кадешто меѓусебните обврски се токму во делот на практичната настава, односно учениците од нашето средно техничко училиште одат на практична настава во компаниите, а исто така тим од компаниите доаѓа во училиштето и држи предавање и обуки на учениците“, изјави Стојановски.

Претставничката на Стопанската комора на Македонија Наташа Јаневска, изјави дека главен фокус на Комората е недостатокот на стручен кадар, за што апелираат и самиите компании, што влијае врз работните процеси како и врз зголемувањето на продуктивноста во самите компании.

„Нашите анализи покажуваат дека 63% од компаниите се соочуваат со недостаток на таков стручен кадар којшто веднаш би влегол во работните процеси. Најчесто како проблем сметаат дека е уписната политика и неусогласеноста на потребите од квалификации и од она што се нуди низ призмата на образованието. Оваа кампања која што ја организира МОН е широко поддржана и од СКМ и од другите комори и е многу важна, бидејќи има отворен дијалог каде што секој ги кажува своите потреби, а од друга страна се разбрани истите потреби и со заеднички дијалог можат да се изнајдат решенија и да се излезе во пресрет на потребите на компаниите, рече Јаневска, истакнувајќи дека придобивките од оваа кампања се големи, затоа што ќе се креира една релевантна уписна политика која ќе ги следи потребите на компаниите, а со самото тоа и ќе се одвива процесот на модернизација на средното стручно образование.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.