Последната сателитска фотографија од Корејскиот полуостров која доаѓа од астронаутите од Меѓународната вселенска станица, го потврдува веќе познатото за Северна Кореја – таа навечер речиси „исчезнува“ од Земјата поради тоа што земјата на Ким Јонг Ун не може да си дозволи електрична енергија.
Она што е забележително, последниот приказ за земјата воопшто не е сменет ако се спореди со фотографијата од пред 20 години.
Северно од „црната дупка“ е Кина, која рефлектира заслепувачка светлост, а под неа е Јужна Кореја. Северна Кореја е во сендвич меѓу нив а само Пјонгјанг, град со повеќе од 3 милиони граѓани емитира по некоја светла точка.