– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ досега преку инвестиции во инфраструктурата поставила над 1000 километри асфалт во нови и реконструирани локални, магистрални и регионални патишта, како и автопатишта. Се заврши реконструкцијата на автопатот Скопје-Велес, се изгради обликолницата околу Скопје, се пушти во употреба автопатот Куманово-Табановце, во завршна фаза е изградбата на автопатот Смоквица-Демир Капија, започна со изградба новиот автопат во источна Македонија, Миладиновце-Штип, а најавен е и почеток на изградбата на новиот автопат Кичево-Охрид, е одговорот од владејачката партија на изјавата на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.
>> Манчевски: Наместо споменици требаше да изградите автопатишта
Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека како што се тие уверени така и граѓаните, дека СДСМ и 200 години да биде на власт, нема да може да реализира толку големи и значајни проекти во сферата на инфраструктурата, образложувајќи дека ветувањата на СДСМ дека доколку дојдат на власт ќе градат нови патишта, се само дел од многуте празни зборови и ветувања на СДСМ.
Тие посочуваат дека денес, транзициски политичари постојат само во највисокото раководство на СДСМ.




