Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најавени нови инвестиции и повисоки плати – Деспотовски на средби со странски инвеститори

0
By Нова ТВ on March 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 13, 2021 13:48

Новиот концепт во работењето и новиот начин на државна помош беа во фокусот на разговорите што директорот на Технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски ги имаше со странските компании во ТИРЗ во Кичево, Охрид и Струга.

На средбите, како што соопшти Дирекцијата на ТИРЗ, е разговарано за проширување на инвестициите, за новите механизми за државна помош, како и за новиот систем за грижа на корисници т.н. „Систем на една влезна точка“.

Деспотовски пред претставниците на „Костал“, „ОДВ Електрик“ и „Џојсон Сејфти Системс“ го презентирал новиот начин на државна поддршка чија цел е да се поттикнат инвеститорите што побрзо да ги остварат зацртаните таргети и да се иницираат дополнителни услови што ќе овозможат реализација на нови развојни проекти.

– Тука сме да ги слушнеме проблемите со кои се соочуваат компаниите, но и нивните планови за нови инвестиции. Во изминатите неколку месеци имаме конкретни најави за инвестиции од 80 до 100 милиони евра, како од постоечките, така и од нови фирми. Особено е позитивно тоа што компаниите работат успешно и размислуваат да ги прошируваат капацитетите. Тоа ќе значи не само нови работни места, туку квалитетни и добро платени места. Остануваме посветени преку конкретни мерки кои веќе ги предлагаме, да поттикнеме спирала за пораст на платите, изјавил  Деспотовски.

Како еден од главните проблеми била посочена продуктивноста во производствениот процес.

-Продуктивноста е проблем децении наназад. Со компаниите разговараме како да работиме заеднички да расте продуктивноста – а тоа е еден од начините како да се поттикне раст на платите. Развиваме и посебна програма што предвидува државата преку кофинансирање да ги поддржи компаниите да спроведуваат програми за развој на вештини, што ќе поттикне раст на продуктивноста, а преку тоа и пораст на платите. Растот на платите ќе се случува, веќе се случува, но работиме на тоа да биде поинтензивно, истакнал Деспотовски.

Најавил дека веќе се имплементира инвестициски циклус од 15 милиони евра во основната инфраструктура во повеќе зони, кој е изготвен во соработка со корисниците и според нивните потреби.

Компаниите, како што стои во соопштението, изразиле задоволство од новите предлози и најавиле конкретни планови за проширување на своите производствени капацитети и повисоки плати.

Директорот на „Костал Македонија“ Виктор Мизо посочил дека за инвеститорите е многу важно да имаат здрава и добра инвестициска клима, како и можност за развој и задоволување на договорните обврски на државата.

“Костал Македонија“ планира воведување на нови производствени линии и отворање нови работни места. Планот е наредните неколку години, филијалата во Охрид да биде една од двете најважни локации на „Костал“ групацијата во Европа.

– Тоа е многу позитивно и за државата, доколку се земе предвид додадената вредност на крајните производи на компанијата, со потенцијал за неколку години да се оствари годишен извоз од над 300 милиони евра и вработување на над илјада висококвалификувани вработени, посочил Мизо.

Покрај Костал, и „ОДВ Електрик“ и „Џојсон Сејфти“ најавуваат конкретни планови за проширување на производствените капацитети, воведување на нови производствени линии на производи со повисок квалитет и повисока додадена вредност, како и мерки за поттикнување на засилен раст на плати. Овие три компании за следниот период веќе најавуваат отворање на дополнителни 500 работни места, покрај сегашните 2000.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.