Додаваат дека сите медиуми на МПМ се секогаш отворени за реакции од страна на засегнати страни и потсетуваатдека постојат правни рамки, односно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета кој ги регулира тие односи.
Што се однесува до насловот во електронското издание на Вест: „Поради притисоци врз „Вест“, се повлекува анкетата “Која водителка гола пред Груевски“„ МПМ вели дека не треба да се злоупотребува од ничија страна.
Реакција од Владата во врска со наводите за повлечената анкета на весникот „Вест“.
„Сакаме да информираме дека Владата на Република Македонија, Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија, било која владина институција, или пак поединец од владините институции, или пак било кое тело или поединец од најголемата партија од владината коалиција, на ниту еден начин нема учество во, како што наведува редакцијата на Вест, вршење притисок за да се повлече цитираната тема, која е нивен слободен избор, во кој избор ниту сакаме ниту имаме намера да се мешаме или пак да коментираме“, стои во реакцијата од Владата
„Читателите и јавноста може да добијат тотално погрешен впечаток дека наводно тој притисок го вршела некоја владина институција или поединец од владините институции или пак партиите кои ја сочинуваат коалицијата, што е апсолутно неточно и невистинито“, твдрат од Канцеларија на претседателот на Владата на Република Македонија.
„Здружението на новинарите на Македонија ги осудува сите видови на притисоци врз редакцијата на Вест, кои довеле до тоа да се повлече анкетата “Која водителка без гаќи пред Груевски”. ЗНМ смета дека Редакцијата на Вест треба да го посочи изворот на притисокот, за да можеме институционално да реагираме“, стои во реакцијата на ЗНМ.
Притисоците се од надвор, потврди за НОВА уредникот на весникот, Горан Михајловски, кој вели „во услови на вакво судство и вакви закони, како и во ваква констелација на односи во општеството, ние решивме да ја заштитиме редакцијата“.
Поради неочекувани притисоци, колегиумот на редакцијата „Вест“ одлучи да ја повлече онлајн анкетата „Која водителка без гаќи пред Груевски?“.