Published: Thursday, February 27, 2014 13:49
Очигледно е дека СДСМ и ВМРО-НП не се разделуваат заради идеолошките разлики, туку заради проценката на СДСМ дека доколку на претстоините избори Љубчо Геогиевски и ВМРО-НП одат самостојно, ќе одземат повеќе гласови на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението до јавност испратено од ВМРО – ДПМНЕ.
Соопштението следи откако СДСМ и ВМРО – НП објавија дека донеле одлука на евентуалните следни предвремени парламентарни избори да настапат самостојно.
ВМРО – ДПМНЕ смета дека СДСМ преку раскинувањето на коалицијата со ВМРО-НП повторно сака да ги изманипулира граѓаните.
Јасно е дека двете политички партии после изборите повторно ќе коалициират како стари познаници кои имале, како што и самите велат принципиелна и коректна соработка, велат од ВМРО – ДПМНЕ.




