Поранешниот советник за национална безбедност на двајца претседатели Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, професорот Стево Пендаровски денеска се согласи да биде предлог за претседателски кандидат на СДСМ и да биде предложен во внатрепартиска процедура, како што потврди за НОВА.
Пендаровски бил предложен од 76 општински организации на СДСМ, односно од сите- некаде фигурирало само неговото име, а некаде имало и предлози за други кандидати, вклучувајќи го и неговото име.
Денеска заседава Извршниот одбор на СДСМ во 17 часот , а во вторник, неговото име како и на останатите предлози за кандидати на сите општински организации на СДСМ ќе биде разгледано на Централниот одбор во 17 часот, за подоцна, на партискиот Конгрес, во 19 часот да биде официјално донесена одлуката за претседателски кандидат на најголемата опозициона партија.




