Published: Thursday, February 27, 2014 15:40
Дебата на темата „Спомениците и политиката: Дали „Скопје 2014“ е културен или политички проект?“ ќе се одржи утре во ГЕМ клубот во Скопска чаршија со почеток во 11 часот.
Организатори се Фондацијата Отворено општество – Македонија и ОКНО, а гостин ќе биде хрватскиот историчар на уметност, поет и есеист Звонко Маковиќ. Тој е редовен професор на Отсекот за Историја на уметност при Филозофскиот факултет во Загреб и член-соработник на Хрватската академија на науките и уметностите.
На настанот кој е од отворен карактер, Маковиќ ќе говори за неговото видување на Скопје 2014, а модератор ќе биде Никола Гелевски.




