Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Барање до Рускоска да покрене нова истрага за случајот со таткото на Милошоски

0
By Нова ТВ on March 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 23, 2021 10:46

Вработени од некогашното Кичевско здружение на возачи со отворенп писмо бараат од јавната обвинителка Вилма Рускоска да отвори нова истрага и да стави крај на децениското барање правда околу, според нив, незаконското преземање од страна на Милош Милошоски, таткото на актуелниот пратеник во Собранието.

-Минатиот месец официјално се обративме до јавното обвинителството, каде ги доставивме сите документи за нашиот децениски случај. Сакаме уште еднаш да ве повикаме вас обвинителке Рускоска да го испитате и да покренете нова истрага за Кичевското Здружение. По низа изгубени пресуди бараме јавното обвинителство да го преземе предметот кој во 2017 година го оформи Специјалното јавно обвинителство. Очекуваме предметот да се процесира и правдата да излезе на виделина.

Веќе 11 години не успеваме да го добиеме назад она што ни беше одземено незаконски. Веќе 11 години се обидуваме да докажеме дека таткото на Антонио Милошоски, Милош на мафијашки начин го презеде техничкиот преглед за автомобили во Кичево и не избрка сите вработени.

Во 2010 година Милошоски го започнува походот за нашето здружение отворајќи нова компанија за технички преглед БРЕКОН, каде татко му е еден од двајцата управители. Откако беше изменет законот за технички преглед, здруженијата за возачи имаа за опција да отворат фирма како дел од здружението или посебно. Е, па во Кичево, не се чекаше туку фирмата БРЕКОН го презеде здружението на возачи што во принцип е невозможно на легален начин. И не само тоа, Милош Милошоски не можеше да биде управител на здружението со завршено средно образование за машинобравар, за таа позиција потребно е да има правен или економски факултет и лиценца од МВР. И нормално и тоа не се испочитува. Еден по еден не избрка сите од работа по преземањето на здружението.

Од нас бараа да дадеме отказ и да бидеме вработени во БРЕКОН, ние одбивме. За разлика од нас екс благајникот на Здружението имаше ист случај, се жалеше во Кавадарци каде го доби судскиот спор, но никогаш не беше вратен на работа. Нас пак судот во Кичево ни пресуди дека не сме во право. И тогаш прашавме и еве сега, како може два различни суда за иста работа да пресудат различно. Одговорот после аудио бомбите е јасен – замешал прсти моќникот од Кичево.

Ние баравме да бидеме вратени на работа и поднесовме кривична пријава до здружението и БРЕКОН и се разбира ништо не се случи. Да имаш моќ да средиш се во твоја корист на сметка на човечки животи е навистина безобразно.

Во здружението оставивме сметка полна со половина милион евра, а беше задолжено со 300.000 евра. Прашуваме каде отидоа сите пари? Дали некој извршил проверка на работењето? Како успеа Милошоски да уништи се пред себе за да се збогати.

Се уште имаме неисплатени плати, дупка во стаж, нервози, починати луѓе како последица од стресот.Поминавме голгота по судови. Ниту една судска постапка не заврши во наша полза поради влијанието на неговиот син Антонио Милошоски. Бевме сведоци во јавноста дека тој заедно со неговиот татко правеа притисок врз судии и покажуваа моќ во Кичево долги години.Бараме надлежните институции да го испитаат целиот случај и да покренат нова истрага за Кичевското здружение, стои во писмото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 24, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

ВЕСТИ July 24, 2026

Унгарскиот премиер истакна дека заемот кој ѝ е даден на Македонија е со многу поповолна…

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

July 21, 2026
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.