НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Џаст аксес“: Чекорите на Бугарија против С.Македонија претставуваат злоупотреба на меѓународното право

0
By Нова ТВ on March 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарија ја држи како заложник политичката судбина на Северна Македонија со барања без преседан и ја злоупотребува ЕУ и меѓународните правни правила, поради што земјава би можела да покрене правен спор пред меѓународните судови, оценува германската невладина организација „Џаст аксес“ во анализата насловена „Негиран пристап до ЕУ и правдата: Како постапките на Бугарија против Северна Македонија претставуваат злоупотреба на процедуралните правила за пристапување во ЕУ“.

Како што пренесува Дојче Веле на македонски, оваа невладина организација, која е специјализирана за меѓународни правни спорови и заштита на човековите права, наведува дека бугарската тактика на „виткање на раката” започна во 2019 година, кога се прибегна кон вршење груб притисок во рамките на институциите на ЕУ врз основа на сомнителни и инструментализирани културни и историски тврдења против Северна Македонија.

– Како што стојат работите, ова не само што претставува закана за дестабилизација на целиот регион, туку и ги отежнува односите меѓу Западниот Балкан и Унијата, се наведува во анализата, во која се посочува дека целта на текстот е да ги расветли главните чекори што го карактеризираат позитивниот однос на земјава со Унијата и да покаже како „непријателскиот став на Бугарија кон нејзиниот сосед е злоупотреба согласно меѓународното право во контекст на проширувањето на ЕУ“.

Според „Џаст аксес“, преговорите меѓу двете земји не треба да дозволат агресивниот и нефер став на „Бугарија кон нејзиниот сосед да остане незабележан, бидејќи нејзината инструментализација на правото на ЕУ и навредливите аргументи поврзани со културата и идентитетот, негативно влијаат на владеењето на правото во Европа“.

– Постојаното и инструментализирано спротивставување на Бугарија да ѝ се дозволи на Северна Македонија да го направи следниот чекор за влез во ЕУ ја засега целата Унија, не само Бугарија. Досега се чини како на Бугарија да ѝ е дадена слобода да ѝ наштети на политичката цел на својот сосед, злоупотребувајќи ги своите права и сложените процедури што се применуваат за проширувањето на ЕУ. Во меѓувреме, Северна Македонија наиде на пречки на патот кон ЕУ и покрај напорите кои беа поздравени од повеќето институции и земјите членки на Унијата, се додава во анализата.

Според авторите на текстот, бугарската тактика ѝ наштетува не само на европската политика, отворајќи ја вратата за „понатамошно лизгање“ на Западниот Балкан во орбитата на другите големи сили, туку исто така ѝ штети и на самата идеја за владеење на правото на европско ниво.

– Однесувањето на Бугарија се чини дека се заснова на сомнителен коктел на политичка, културна и правна инструментализација. Постои веројатност ваквата состојба да остави трајно негативно влијание врз македонскиот народ и регионот, доколку не се преземе ништо околу ова прашање, се оценува во текстот.

Германската невладина организација смета дека Бугарија ја злоупотребува ЕУ и меѓународните правни правила без вистински правни аргумент, па без судски средства за решавање на спорови овие повреди најверојатно нема да предизвикаат правни последици во оваа фаза.

– Северна Македонија би можела или треба да размисли за покренување на овој „спор” пред меѓународен суд или тело, особено затоа што е на сила Договор за пријателство со Бугарија, кој е бесрамно прекршен од навредливиот став на Бугарија кон нејзиниот сосед. Сепак, ваквиот потег е навидум политички деликатен во моментот, бидејќи тоа најверојатно ќе ги поттикне стравувањата дека процесот на пристапување на земјата кон ЕУ ќе заглави уште подолго. Ова е јасна манифестација на успешна кампања за уцена што Бугарија ја води против нејзиниот македонски сосед, со целосно искористување на нејзината релативна привилегирана позиција како земја членка на ЕУ“, се вели меѓу другото во анализата чии делови пренесува ДВ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.