НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадинов: Ако сакаат ВМРО-ДПМНЕ, Левица и АА да блокираат нека ги вратат платите овој месец

0
By Нова ТВ on March 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на денешната прес конференција истакна дека целата опозиција во Собранието прави се за да се блокираат сите процеси важни за граѓаните и иднината на државата.

-ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица се на спротивната страна од интересите на граѓаните кои им ја дале довербата. За опозицијата во Собранието не е важно здравјето на нивните колеги, не им е важно здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ заедно со неформалните коалициски партнери Алијанса и Левица, заеднички учествуваат во блокирање на законите кои обезбедуваат реализација на економски мерки од четвртиот и петтиот пакет, обвини Костадинов.

Тој побара од овие пратеници да ја вратат платата, бидејќи не се појавувале на седници.

-Срамно, безобразно и понижувачки е пратеник да им вели на граѓаните да се стрпеле некој месец без плата, за истиот тој пратеник да дојде овде во Собранието да не се појавува на седници и да зема месечна плата неколкукратно поголема од минималната плата.
Срамно е тој и неговата пратеничка група заедно со ВМРО-ДПМНЕ да ја кочат работата на Собранието додека илјадници граѓани погодени од кризата чекаат соодветна помош од државата.

Ова, почитувани е доказ за бесрамноста на опозицијата во Собранието, доказ дека ним не им е воопшто грижа ниту за граѓаните, ниту за државата. Пратениците од сите политички партии имаат обврска пред граѓаните да си ја работата работата, за што земаат плата. Ако сакаат ВМРО-ДПМНЕ Алијанса и Левица да блокираат нека ги вратат платите овој месец, затоа што освен блокади ништо друго и не сработеа, вели Костадинов.

Покрај законите кои се однесуваат на економските мерки, тој вели дека опозицијата кочи и десетици закони кои се важни за развој и напредок на државата и институциите.

-Законот за административни службеници, Законот за високо образование, Законот за внатрешни работи, Законот за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство, Законот за нов Клинички центар, финансирањето на новиот еколошки јавен превоз во Скопје, се само дел од законите кои опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на секој начин ги кочи и блокира. Во услови кога државата, целото општество се уште се соочуваат со коронавирусот, опозицијата се противи на продолжување на кризната состојба, истакна портпаролот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.