НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По иницијатива на Министерството за култура, Владата усвои 10 заклучоци за заштита на Охридскиот регион

0
By Нова ТВ on March 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за култура, по последните случувања со градежните активности на локација, ресторан-дискотека Парк, предложи Информација до Владата за потребата за интегриран, координиран и синхронизиран пристап за заштитата на Охридскиот регион меѓу надлежните институции.

Согласно дискусијата, Владата ја усвои Информацијата поднесена од Министерството и донесе серија заклучоци за постапување, како и за зајакнување на работата на институциите од сите области, вклучително и од културата.

Имајќи предвид дека сите стручни дејствија кои се содржани во Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион се имплементираат преку НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид и Управата за заштита на културното наследство,Владата донесе заклучоци со кои овие дејствија на Заводот ќе се реализираат во соработка и со претходно мислење од Националниот конзерваторски центар-Скопје.

Со цел, координирано одвивање на активностите за заштита на културното наследство во Охридскиот регион, Управата за заштита на културното наследство актите ќе ги издава по претходно мислење на Министерството за култура.

Заради обезбедување на стручност, Министерството за култура ќе формира комисија составена од докажани експерти за заштита на културното наследство која ќе дава стручна помош за мислењата и за актите изготвени од Управата за заштита на културното наследство.

Околу актуелните случувања на локацијата на поранешниот ресторан Парк, а во насока на заштита на крајбрежјето на Охридското езеро, Министерството за транспорт и врски во рок од два дена ќе формира стручна комисија која ќе изврши увид во работата за Општина Охрид за процесот на издавање/спроведување на одобрението за градење на локацијата и за своите наоди да ја извести Владата на нејзината наредна седница; Исто така задолжена е Општина Охрид да превенира градежни работи на посочената локацијата и во рок од два дена до Владата да достави Информација за важноста на одобрението за градба за локацијата на ресторан-дискотека Парк.

Владата ги задолжи сите надлежни министерства и инспекторати, во взаемна и постојана комуникација и преку давање на стручна помош да ги решаваат проблемите со светското природно и културно наследство на Охридскиот егион.

Владата им укажа на општините Охрид, Струга и Дебарца, одобренијата за градба да ги издаваат со извод од ДУП и од Планот за управување со Охридскиот регион. Општините Охрид, Струга и Дебрца до донесувањето на новите урбанистички планови кои ќе бидат усогласени со Планот за управување, изградба на објекти или преземање на мерки на непосредна заштита со кои се нарушува интегритетот на културното наследство на Охридскиот регион, задолжително да се врши со издавање на заштитно-конзерваторски услови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.