НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почитување на Протоколот ја гарантира безбедноста на пописот, порача ДЗС

0
By Нова ТВ on March 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пописот е статистичка операција во интерес на сите граѓани и не се прави ниту за Владата, ниту за некоја политичка партија, а Државниот завод за статистика гарантира за безбедноста на процесот и за почитувањето мерките содржани во Протоколот, со што никој нема да биде доведен во опасност.

Со оваа порака вчера излезе првиот човек на ДЗС, Апостол Симовски во интервју за 360 степени, изразувајќи надеж дека по 20 години без попис во државата ќе има доволно разум кај нашите граѓани, да сфатат дека ни е неопходна оваа акција.

Теренското попишување почнува на 1 април, а поради зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19 се отвори и прашањето за начинот на кој ќе се спроведе операцијата и дали мерките содржани во Протоколот се доволна гаранција. Власта останува на ставот дека пописот ќе биде безбеден, дека мерките и нивно максимално почитување се доволни, додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера уште еднаш побара итно одложување на пописот, поради зголемувањето на бројот на нови случаи на Ковид-19.

Симовски вчера осврнувајќи се на прашањето како ќе ги убедат граѓаните дека пописот е безбеден во период кога расте бројот на заразени, рече дека тие гарантираат за процесот на попишување и дека апсолутно ќе се почитуваат сите протоколи и нема да доведат никого во опасност, но дека не може да гарантираат за неодговорно однесување на поединци после заминување на попишувачот.

-Комисијата за заразни болести многу внимателно ги разгледала сите можни ситуации и донела навистина ригорозни препораки. Тие препораки се преточени во одлука на Владата и наша обврска е да ги почитуваме. Но, и граѓаните треба да ги почитуваат тие протоколи, бидејќи не вреди ништо ако попишувачот дојде маскиран целиот, не знам, со комбинезони на себе, со маска, ракавици, ако граѓанинот се шета без маска. Или, не можеме да гарантираме за неодговорно однесување на поединци после заминување на попишувачот ако отидат во кафеана и си седнат со друштво итн, изјави Симовски.

Нагласи дека негативната кампања за пописот всушност ја прават луѓе кои очигледно не ѝ сакаат добро на сопствената држава и на сопствените граѓани.

– Не е проблемот дали некој ќе биде казнет или не, многу е лесно да казните поединец, ако не сака да даде податоци, и тоа ќе го направиме, да се разбереме, нема да простиме. Меѓутоа, целта не е да собереме казни туку да собереме податоци. Ние влегуваме во оваа операција којашто се подготвува поприлично долго време, којашто чини страшно многу пари, којашто ангажира страшно многу луѓе, и да биде залудна, навистина ќе биде страшно, вели Симовски.

Владата со став дека пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно безбедно, по сите стандарди без застој, а протоколи и досега давале целосна заштита во други процеси. Владиниот портпарол Душко Арсовски завчера истакна дека прават се што е потребно за заштита на населението.

-Имаме прецизни протоколи, скроени за безбедно спроведување. Подготвени сме за секој детал, за секоја ситуација и сите постапки течат непречено. Протоколот го изработи Комисијата за заразни болести. Стандардите за заштита се највисоки и во целост ги штитат граѓаните и попишувачите, нагласи тој и информира дека се ангажирани голем број координатори и попишувачи, кои ги следат протоколите за да нема потреба од никакви одложувања.

Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера во Брисел одржа брифинг со  Центарот за европска политика (ЕПЦ)  на кој говореше и за претстојниот попис и за неговото огромно значење за државата. Тој информира дека првата фаза од попишувањето заврши успешно и оти за неколку денови, односно од 1 април ќе почне и успешно ќе се спроведе главната фаза на статистичката операција. -Северна Македонија немала попис веќе 20 години, а таа состојба повеќе е неиздржлива, истакна Маричиќ и посочи дека државата ќе го заврши пописот, соопшти Министерството за правда

Од владејачката СДСМ на став дека пописот ќе се спроведе согласно сите здравствени протоколи. Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов вчера на прес-конференција од Собранието посочи дека државата има капацитет и е гарант дека во најголемата статистичка операција, целосно ќе биде заштитено здравјето како на граѓаните, таа и на попишувачите.

-Попишувачите коишто ќе бидат на терен и во непосреден контакт максимално ќе ги почитуваат мерките и протоколите за заштита на здравјето. Овде државата е гарант дека од страна на попишувачите на ниту еден начин нема да биде загрозено здравјето на граѓаните. Од друга страна речиси 20 години сме без одржан попис и сметам дека навистина е голема неопходноста за одржување на една таква статистичка операција и како таква граѓаните ја разбираат и како таква ќе биде реализирана, имплементирана во државата, заклучи Костадинов.

Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски уште еднаш побара одложување на пописот веднаш, посочувајќи дека здравјето на граѓаните не смее да биде заложник.

-Најкриминалната влада на Балканот, а истовремено и најнеспособната да обезбеди имунизација на населението нѐ убедува дека нема одложување на пописот, обезбедени биле најбезбедни протоколи. А во меѓувреме, соседна Србија која е рекордер во имунизирано население на Балканот, соседна Бугарија, Романија, Косово го одложуваат пописот поради загриженост од енормно ширење на пандемијата, напиша Мицковски на Фејсбук.

Според последните податоци на ДЗС заклучно до вчера до 8 часот, вкупниот број на самопопишани државјани на Република Северна Македонија изнесува 130 009.

-Интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте. Оваа активност има извонредно значење и за Република Северна Македонија и за целата дијаспора – после многу години и секакви шпекулации со бројките на иселени државјани, конечно да имаме јасна слика каде се и колку се нашите иселеници за да може да се креираат и насочат соодветни политики за нивна поддршка и овозможување услуги кои им се потребни од својата татковина, наведе вчера ДЗС.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.