НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжуваат политичките игри околу законите со антикризните мерки за КОВИД-19

0
By Нова ТВ on March 24, 2021 ВЕСТИ
Фото: idscs.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Собранието се уште нема најава за одржување на пленарна седница, а владејачките партии и опозицијата продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за одолговлекувањето на носењето на антикризните мерки за Ковид-19. За денеска во Собранието нема закажано ниту една активност, а утре претседателот на Собранието има редовен месечен брифинг со новинарите, ќе се одржи седница за поставување пратенички прашања, а најавен е и виртуелно 18. Состанок на мешовитиот комитет Северна Македонија -ЕУ.

И покрај декларативните изјави дека мерките треба да се донесат и да се продолжи кризната состојба, ниту една од партиите не отстапи од својот став. Претседателот на Собранието Талат Џафери на неопределено ја одложи 36. седница на која на дневен ред се законите за мерките за Ковид-19, но и продолжувањето на кризната состојба и интерпелациите поднесени од опозицијата, а Владата ги повика пратениците кои ја блокираат работата на Собранието да се повлечат од „тој деструктивен начин на дејствување“.

Владејачката СДСМ ги обвини сите опозициски партии во Собранието дека прават се за да се блокираат процесите важни за граѓаните и за иднината на државата.

Пратеникот од СДСМ Коста Костадинов на прес-конференција кажа дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со неформалните коалициски партнери Алијанса и Левица, заеднички учествуваат во блокирање на законите кои обезбедуваат реализација на економски мерки од четвртиот и петтиот пакет

Како што рече, срамно, безобразно и понижувачки е пратеник да им вели на граѓаните да се стрпеле некој месец без плата, за истиот тој да дојде во Собранието, да не се појавува на седници и да зема месечна плата неколкукратно поголема од минималната плата. За Костадинов, опозицијата воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните и нивните колеги пратеници.

-Пратениците од сите политички партии имаат обврска пред граѓаните да си ја работат работата, за што земаат плата. Ако сакаат ВМРО-ДПМНЕ Алијанса и Левица да блокираат нека ги вратат платите овој месец, затоа што освен блокади ништо друго и не сработеа, рече пратеникот Костадинов.

Покрај законите кои се однесуваат на економските мерки, опозицијата обвини тој, кочи и десетици закони кои се важни за развој и напредок на државата и институциите, како законот за административни службеници, за високо образование, за внатрешни работи, за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство, Законот за нов Клинички центар, финансирањето на новиот еколошки јавен превоз во Скопје…

-Во услови кога државата, целото општество се уште се соочуваат со коронавирусот, опозицијата се противи на продолжување на кризната состојба. Кризна состојба на целата или на дел од територијата се прогласува уште од 2015 со мигрантската криза и досега никогаш не била оспорена или проблематизирана, рече Костадинов.

Како парламентарно мнозинство, потенцира тој, ќе ги искористиме сите деловнички и законски можности, сите закони во интерес на граѓаните да бидат донесени и реформите да продолжат.

Владејачките партии СДСМ, ДУИ и Беса имаат мнозинство од 62 пратеници. Двајца пратеници од мнозинството не можат да учествуваат во работата на Собранието поради Ковид-19. Собранието нема кворум и не може да носи закони без поддршка на опозицијата. Кризата во Парламентот настана откако парламентарните партии не успеаја да се договорат за 36.Седница. ВМРО-ДПМНЕ бараше посебна седница за законите поврзани со Ковид-19 и кризната состојба додека власта од пратениците бараше тоа да биде на закажаната 36. Седница и да се изгласа дневниот ред на седницата за да се работи и по други точки.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека проблемот со мнозинството во Собранието може да се реши само со избори.

Портпаролот на партијата Димче Арсовски вчера на прес-конференција изјави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не ја кочат работата на Собранието, напротив тие се проактивни за многу теми кои што се од интерес на граѓаните.

Според него, доколку власта сакаше односно СДСМ да биде изгласан петтиот сет на мерки и да се помогне на стопанството тоа можеа да го направат дента кога се гласаше доверба на владата на Зоран Заев, бидејќи две недели порано беше претставен петтиот сет на мерки и можеа тогаш да го изгласаат.

-Но, зошто не го направија тоа? Тоа не го направија бидејќи и самите ним не им одговара да биде изгласан петтиот сет мерки затоа што немаат пари во Буџетот, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање.

Алијанса на Албанците и Алтернатива блокираат околу 20 закони со над 32.000 амандмани, а меѓу нив е и одлуката за продолжување на кризната состојба на јужната и сверната граница.

Координаторот на пратеничката група Скендер Реџепи вчера го повика претседателот на Собранието Талат Џафери да закаже седница и да распише избори.

-Многу е битно кој прв почна. Го повикувам претседателот на Собранието Талат Џафери да закаже седница и да распише пред парламентарните избори. Не сме виновни за блокадата, виновни се СДСМ и ДУИ, рече Реџепи потенцирајќи исто така дека тие не отстапуваат од законот за државјанство и бараат да се усогласи со законот на Владата. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.