НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Се чукате во гради за татковината, а не се попишувате – бојкотот не ве прави патриоти

0
By Нова ТВ on March 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема да има одложување на пописот, изјави денеска премерот Заев апелирајќи сите граѓани да учествуваат во оваа статистичка операција и да ја исполат граѓанската обврска кон државата. Одложувањето рече, е беспредметно, затоа што, како што истакна, никој не може да гарантира дали наесен или следната пролет состојбата со пандемијата нема да биде иста како сега.

-Сега нормално самата пандемија е проблематична тоа не значи дека треба да се откажеме од пописот. Ако сега се откажеме следуваат есента избори, пролетта никој не може да гарантира дека нема да биде иста со бројки како сега, така што треба сите да ја преземеме одговорноста. Апелирам до сите да се попишеме затоа што на тој начин ја исполнуваме граѓанската одговорност кон нашата татковина, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на велешки „Брако“.

Според него, законот е јасен, во него е регулирана одговорноста, но пред се, треба да биде граѓанската одговорност пред државата.

-Затоа апелирам до сите Македонци да се попишат, апелирам до сите Албанци да се попишат, апелирам до сите Срби, до сите Роми што живеат во нашата држава Република Северна Македонија да се попишат. Така ќе покажат љубов кон татковината, така ќе покажат одговорност кон татковината и така ќе имаме податоци дека постојат. Благодарение на тие статистички податоци ќе можеме успешно да креираме политики. Сега креираме во магла, во облаци, незнаејќи ги точните бројки. Од нивното попишување зависи развојот на нивното општество, од нивното попишување на сите наши граѓани зависи иднината на нивната земја, на нашата земја, на РСМ. Кога треба да се чукаме во градите колку сме патриоти тогаш правиме се што треба, а кога треба да го направиме првиот вистински патриотски чекор кон државата и да се попишеме, тогаш ќе бараме мал милион изговори, рече премиерот додавајќи дека повикувањето на бојкот и блокирањето на попишувањето никого нема да направи поголем патриот.

Тој истовремено упати апел и да се попише целата дијаспора.

– Апелирам на целата македонска дијаспора Македонци, Албанци, Бошњаците, Србите, Турците, Власите, Ромите… сите да се попишуваат зошто имаме одговорноста пред татковината. Таа татковина за која што полна уста секогаш знаеме да искоментираме, пофалиме, искритикуваме или слично, истакна премиерот.

Според Заев, има решение и доколку се случи некои од комисиите да бидат заразени од коронавирусот.

-Ако не стигнеме до 21 април и пописната општинска во Чаир или Струмица е заразена може да се оложи за 14 дена, може да се пролонгира делот на самото попишување. Може да се најдат начиним само пописот треба да се одржи. Ако одложиме за есента може да имаме исти бран како сега, ако до пролетта догодина може да има исти бран како сега, истакна премиерот Зоран Заев.

Пописот во земјава треба да се одржи од 1 до 21 април. Во моментов во тек е попишувањето на дијаспората што започна на 1 март и ќе заврши на 21 април. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19, а одредени политички структури и граѓански движења повикуваат на бојкот. Последниот попис е одржан во 2001 година

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.