НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бочварски: Реконструкција на патот од Охрид до Ресен преку Галичица

0
By Нова ТВ on March 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оваа година ќе се реконструира патот од Ресен до Охрид преку Галичица со што ќе допринесеме за развој на туризмот во овој регион. Во исто време, ЈП за државни патишта проектира и обиколница околу Ресен со која ќе се растерети сообраќајот од тешки товарни возила кои минуваат низ градот, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Ресен.

На средбата со градоначалникот Живко Гошаревски, министерот Бочварски ја изрази поддршката од централната власт кон општина Ресен и Преспанскиот регион заради економски и туристички развој.

Министерот истакна дека во општина Ресен преку Министерството за транспорт и врски во завршна фаза е реконструкција на водоводната мрежа во централното градско подрачје, проект вреден преку 42 милиони денари. Тој најави нови инфраструктурни проекти.

„Инфраструктурата во Преспанскиот регион е многу значајна и затоа ние како Влада посветуваме големо внимание. Во тек е проектирање на обиколница околу Ресен, многу значаен проект со кој ќе помогнеме околу сообраќајот низ градот. Очекувањата се дека оваа година ќе заврши проектирањето и веднаш ќе го ставиме проектот во програмите на ЈП за државни патишта. Уште еден значаен проект е гасификацијата. Оваа година завршува изградбата на магистралниот гасовод до Битола и потоа веднаш започнуваме со проектирање на крак од Битола до Охрид со што жителите на општина Ресен ќе може да се врзат на овој крак од гасоводот“, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

И во услови на ковид криза, општина Ресен заврши многу капитални проекти, потенцира градоначалникот Живко Гошаревски.

„Автопатското решение од Прилеп кон Битола како и изградбата на обиколница Ресен се два значајни проекти како за економскиот развој така и за туризмот. Јас на министерот му ги образложив сите наши проекти и визии и се согласивме дека со поддршка на Владата сме на добар пат да ја разбудиме заспаната убавица Преспа”, истакна градоначалникот Живко Гошаревски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.