НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не е вистина дека високи државни функционери се вакцинирале преку ред

0
By Нова ТВ on March 25, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во објава на Фејсбук под плаштот на прашалната форма, се пласира дезинформација за наводна вакцинација на високи владини претставници со вакцина против ковид-19, преку ред и спротивно на националниот план за имунизација. Постот е прилично вирален, односно споделен е над 50 пати. Иако објавата започнува во прашална форма, сепак таа во продолжение изнесува експлицитни тврдење дека посочените функционери се вакцинирани во одердени држави:

Дали овие лица од власта се вакцинирале????
Љупчо Николовски – (вакциниран во Дубаи)
Драги Рашковски – (вакциниран во Србија)
Зоран Заев – ( во државава со српските вакцини)
Радмила Шекеринска – (во државава со српските вакцини)
Артан Груби – (вакциниран во Албанија)
Назим Буши – (вакциниран во Албанија)

За Љупчо Николовски, во овој пост лажно се наведува дека наводно се вакцинирал во Дубаи. Во Дубаи не се спроведува вакцинален туризам, дури и кога Николовски би изразил таква желба, тоа не би било возможно.Освен тоа, за да се вакцинирате во Обединети Арапски Емирати, мора да донесете лична карта од оваа земја, заедно со картичка дека имате здравствено осигурување, какви што Николовски не поседува.

Што се однесува до српските донирани вакцини, кои беа нешто над 8 илјади од производителот „Фајзер“, со нив се вакцинирани над 5.300 здравствени работници кои работат во ковид центрите. Министерството за здравство најави дека секоја злоупотреба со вакцнирање преку ред и ако се работи за некој што не е здравствен работник, ќе се казнува. Таков беше случајот со секретарот на болницата во Охрид.

Премиерот Зоран Заев, пак, уште во јануари во интервју за „Сител“ телевизија, прашан дали ќе се вакцинираа одговори:

-Секако дека ќе се вакцинирам, но, без да ги кршам протоколите, да не бидам пред медицинските работници, пензионерите и хронично болните, јас ќе го дадам примерот и ќе се вакцинирам за да испратам порака дека таа е здрава, безбедна.

Инаку, откако беше објавен овој статус на Фејсбук, на порталот „Лидер“ беше плаисрана вест во којашто се тврди дека министри и функционери се вакцинирале преку ред, но таму не се посочуваат конкретни имиња.Медиумот тврди дека информацијата за наводно вакцинираните владини функционери преку ред, е класифицирана информација и затоа не може да ги објави имињата на наводно вакцинираните.Меѓутоа, Владата експресно ги демантираше ваквите тврдења, означувајќи ги како лажни.

-Владата најостро ги демантира лажните наводи и тврдења во текстовите за наводно вакцинирање функционери.Категорично тврдиме дека министри и владини функционери не се вакцинирале преку ред како што дезинформираа неколку портали.Изнесените наводи во овој текст се лажни и единствено имаат за цел да го нарушат угледот и достоинството на министрите и носителите на јавни функции на Владата.Категорично демантираме и бараме медиумите со такви текстови да го објават овој демант, со извинување до Владата, како и целосно повлекување на споменатиот текст, а доколку истото не се случи, ќе ги преземеме сите правни и судски мерки, пишува на официјалниот Твитер профил на портпаролот на Владата на РСМ. (Вистиномер)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.