НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта и опозицијата најдоа заеднички јазик – Собранието продолжи со работа, ја отвори 36. седница

0
By Нова ТВ on March 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието по пауза од речиси два часа, продолжи со работа. Во тек е утврдување на дневниот ред на 36. седница.

Со 85 гласа „за”, без против и без воздржани пратениците го усвоија предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година.

Со 86 гласа „за”, без против и без воздржани Собранието го усвои Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, по скратена постапка.

Претходно, претседателот на Собранието Талат Џафери информира дека на Маргарита Цаца Николовска и завршува функцијата претседател на Советот за граѓански надзор, а Гордан Калајџиев поднесе оставка од функцијата член на Советот за граѓански надзор. Калајџиев има право да ја образложи оставката на седницата на Собранието, но не го стори тоа.

Да не се отвори седницата за пратенички прашања, туку 36-тата на чиј дневен ред се мерките од петиот економски антикризен пакет, предложи на седницата пред паузата претседателот на Собранието, Џафери. Ваквиот предлог Џафери го стави на гласање и доби поддршка од 53 пратеници. Притоа, никој во салата не гласаше против, ниту воздржано. По куса расправија, 36. седница почна, а потоа тој даде пауза од

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во ова препозна обид за, како што рече, замолчување на опозицијата и одржување криминална седница. Пред паузата Мицевски му предочи на Џафери дека прави преседан и дека сака да ја замолчи опозицијата.

– Да ми одговорите за циркузот што го правите во Собранието и да ми го цитирате членот врз основа на кој одлучивте да ја прекинете седницата за пратенички прашања. Зошто пред очите на јавноста се уште се занимавате со политиканство, а не го прифатите предлогот да се одржи 38. седница која би ја закажале по итна постапка денеска со четирите пакет мерки, да бидат изгласани и да го имате присуството на опозицијата? Предлогот беше, на паузата, по седницата, меѓу 14 и 15 часот, да ги изгласаме четирите закони, Но, сакате да ја замолчите опозицијата за скандалите кои се случуваат, рече Мицевски.

На тоа Џафери објасни дека 36. седница беше свикана на 9 март, а пратениците ги имале материјалите пред тоа.

Поддршка за почнување на 36-тата пред седницата за пратенички прашања пред паузата даде координаторот на СДСМ, Јован Митревски и повика и на разум.

– Одговорноста е на сите пратеници. Ако треба ќе се повлечеме и од поставување пратенички прашања. Како Собрание сме должни час поскоро да им излеземе во пресрет на граѓаните и компаниите поради пандемијата. Седницата да им се помогне на граѓаните и фирмите, не е криминална седница. Жал ми е што опозицијата три дена покажува наводна загриженост, за денеска да каже дека за нив пратениките прашања се поважни од тоа што е помош за граѓаните. Оваа наводна грижа на опозицијата ќе се потрвдеше ако не ја напуштевме седницата кога се носеше Буџетот за 2021, истакна Митревски .

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.