НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Софтверот за сообраќај е регуларно набавен, не е прекршена ниту една процедура

0
By Нова ТВ on March 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

При набавката на софтверот за сообраќај не е прекршена ниту една процедура за јавни набавки, не е констатиран никаков конфликт на интереси. Владата работи по највисоки професионални стандарди, транспарентно, етички, законски, комплетно за сите постапки така и за ова.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев во одговор на прашање од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Вељановски, дали ќе се побара одговорност за оваа јавна набавка за која се споменува владиниот функционер Драги Рашковски.

Рече дека Јавното обвинителство и ДКСК се обратиле до Владата и оти службите имаат наредба да постапат со сите информации и процедури за целата оваа набавка за софтверот, оценувајќи дека отчетноста и транспарентноста е целосно дел од работењето на Владата.

-Притоа должен сум да информирам дека софтверот за сообраќај е набавен низ регуларна јавна набавка. Авторските права се во целосна сопственост на Владата и за тестирањето е известено Бирото за јавна безбедност. Генералниот секретар, согласно закон и согласно деловник, има право да прави анализи и да ги доставува до Министерството за одредени дејности, надлежности на Владата, истакна Заев.

Повтори дека софтверот е изработен од ФИНКИ и Друштвото „Инвока“ ДООЕЛ Скопје е целосно оспособен, тестиран, предаден со изворен код кој е наменет за следење на сите прекршоци.

-Создаден е за различни камери, не фаворизира ниту еден хардвер и може да регистрира широк спектар на разни сообраќајни прекршоци. Претставува автоматизиран систем што го елиминира човечкиот фактор при одлука за санкционирање на сообраќаен прекршок и со оваа функционалност значајно ќе го подобри регулирањето и почитувањето на сообраќајните правила, рече Заев.

Истакна дека е извршено тестирање на софтверот при што е констатирано целосно функционален и ефикасен и оти ќе биде ставен во функција кога за тоа ќе се извршат потребните синхронизации со базите на податоци од институциите, што треба да го надополнат неговото работење и потребните законски усогласувања.

Повика и да се соопштат јавно сите детали од истрагата на Јавното обвинителство и Државната корупција за спречување на корупцијата за оваа јавна набавка.

Во однос на постапката „Леонардо“, Заев истакна дека е завршена со целосна истрага во која е утврдено дека јавната набавка на радарскиот систем и сите претходни постапки се завршени исто така за време на власта на ВМРО-ДПМНЕ, кога директор, како што рече Заев, бил таткото на поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски.

-Целокупните постапки се завршени. Тогашниот генералниот секретар на Владата Драги Рашковски тогаш имаше задача да ги спроведе потпишаните договори и да се реализираат јавните набавки. Целата истрага е заврена и процесот е завршен, комплетно и аргументирано. Како што и денес има отворено истрага за набавка на софтвер од страна на ЈО и Државната комисија за спречување на корупцијата, која за време на ВМРО-ДПМНЕ беше мисловна именка да отвора постапки, и секоја постапка што е отворена на крајот транспарентно ги објавува своите резултати врз основа на анализи, докази…, рече Заев.

Во однос на прашањето дека компанијата „Јелак градба“ на црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака која го откупила имотот и добила решение за приватизација на градежно земјиште на влезот на Тетово, Заев повтори дека целата постапка е транспарента и единствените пари, како што истакна, што се споменуваат се пари дадени за време на ВМРО-ДПМНЕ.

-Не се знаат детали дали се дадени постапки за урбанизации, за купување на земјиште и сл. Но годината кога се дадени парите е период кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Тука нема никакви дилеми, рече Заев.

Потсети дека предметот „Шик Јелак“ во Тетово е предмет што опстојува во државата 2011-2012 година. Дака е сопственик на мнозински дел од акциите на „Шик Јелак“ уште од 2012-2013. Води постапка за докупување на останатиот дел од државата започната 2015-2016 година. Државата го објавува по пат на јавна објава нејзиниот дел и тој станува сопственик и на тој дел. Целта на тој план заради идно ширење на Тетово надвор од густото урбано јадро во градот е дел од политиките на градот Тетово се со конечна цел, разлабавување на притисокот што се правеше во централното јадро и растење на Тетово во перифериите, рече Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.