Барам работа. И тоа не било каква. Паметен тип кој пишува волку јаки статии не може да работи било што, нели? Не сум мрзелив. Напротив.
Проблемот е што не можам да се одлучам каква работа точно барам. Пазаров нуди мал милион опции. А не сум тип на човек кој сака многу опции.
Сакам точно дефинирана, стабилна работа, со добра заработувачка.
Би работел и креативна работа, ама па индустријава е во таков пораст да е греота да не влезеш таму.
Ок. Признавам. Имам мал проблем со авторитети. Ама не е нешто што не се совладува.
Дури верувам дека било кој газда би го шармирал со свежи идеи за нови производи и услуги.
Ама и од тие газди човек треба да се пази.
Ништо. На крај на краиштата можам да станам пратеник и да работам на трето дете.
Знам, знам… Немам ни прво ни второ. Ама криза е. Нема има нема!