Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како Ивона ги спаси лицемерите

0
By Биљана Секуловска on March 27, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 27, 2021 11:10

Погледнете ги само последните обвинувања за предавство, повиците за патриотизам. Сите оние што заминуваат во Србија и се враќаат вакцинирани, мора да се предавници на својата земја, на својот народ, петта колона која мора да биде обележана со жолта лента.

Кукавици кои одбиваат да умрат, додека со последните сили, на смртна постела чекаат Ковид вакцина и се крстат во лидерските потези на оваа Влада, која досега можеше да набави барем една, единствена вакцина, која не е донација, и тоа од Вучиќ. Неблагодарноста кон лидерството во оваа земја, што не подразбира традиционална, историска затапеност, значи да се одбива да се чека додека не се умре, додека не дојде навистина крај, во кој ништо не се сторило, ништо не се посакало повеќе, од она што не се понудило- најчесто едно големо, блескаво ништо.

Таа плачлива мелодрама со ужас без крај многу пати е опеана и напишана во македонскиот фоклор како неминовно, последно збогум за спружените во постела, кои ништо не прават, освен што чекаат да дојде судниот час. Трпението како спасение е најголемиот, врвен дострел на македонската покорна извежбана кичма, тоа е една трагична, анегдотална научна дисциплина, тесна и усовршена специјалност на овие простори.

За жал, отпорот кон повиците за предавничката кауза буквално го сфатија некои од медиумските работници, и во јуриш и се придружија на револуционерната лидерка Ивона Талевска, која ги поведе во спасоносна операција на вакцинирање во пријателската, братска  Србија.

Краткото паметење е еднакво значајна карактеристика на македонската покорна култура- во име на опортунизмот и конформизмот, се прегазуваат принципите и идеалите, кои, се разбира дека и воопшто не постоеле, што со задоволство го докажуваат.

Се прескокнуваат и лешеви, се забодуваат и ножеви во сопствениот грб, затоа што важно е само да се преживее, макар биле помилувани од довчерашната рака која претходно ви пресудувала на јавна сцена, перфидно, студено, како што и сега ги мести камчињата во истите тие, кутри и самооплакувани судбини.

Но едно е факт- Ивона, Латас и Славица Арсова барем не се лицемери, како што сега во тоа се претворија нивните нови следбеници. Оваа тројка никогаш не се извини, никогаш не понуди објаснување со наведната глава- за омразата која ја сееја, за линчот и хајките кон новинарите, активистите, интелигенцијата од спротивната страна, никогаш не се покајаа за активното учество во злосторствата за време на груевизмот.

Никогаш не е доцна да го сторат тоа, но не верувам и дека некогаш и ќе помислат дека би требало да се извинат, за секој напишан збор, за секоја буква, која водеше кон бескрајно долги години на нови и нови нетрпеливости, омраза и терор. Не верувам, затоа што оние кои ја следеа Ивона во вакцинирањето во Србија, ни потврдија дека стојат зад секој нејзин напишан збор, дека го потпишуваат со две раце, а ако треба ќе пресечат и туѓи, за да и ги приложат како врвен доказ за лојалност, и се разбира, само го потврдија своето соучесништво.

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.