Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Придобивките од пописот се огромни, потребно е обединување, а не бојкотирање

0
By Нова ТВ on March 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 27, 2021 16:59

Со спроведувањето на пописот добиваме точни податоци за правилно насочување на ресурсите и мерките за одржлив развој во здравството, обазованието, социјалната заштита, животната средина, бизнис секторот, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криманлот, одржлив развој човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Тој посочи дека владин приоритет и грижа е да се воспостави одржлив развој во секоја област, а целта е таа одржливост да се одрази во образованието, во зачувување на животната средина, здравството, социјалата, економијата, насекаде каде што државата е сервис во служба на граѓаните. За сето тоа да се спроведе од исклучителна важност е спроведувањето на пописот.

-Со добиените податоци од пописот добиваме јасни насоки за да ги оствариме 17- те цели за одржлив развој на кои, како членка на ОН, се обврзавме дека ќе ги оствариме до 2030 година. Овие цели обединуваат три димензии: економска, а тоа се ефикасно располагање со економските ресурси, генерирање на развој и раст, животна средина, односно природните ресурси, заштита и одржливо користење на природата, превенција и борба против загадувањето и социјална димензија што подразбира солидарност, борба против сиромаштија и социјални, рече вицепремиерот Николовски во видео обраќање.

Целиот процес во услови на пандемија, истакна, е безбеден, за што се подготвени специјални здравствени протоколи и обуки за попишување, за заштита на здравјето на попишувачите и попишаните.

-Со пописот добиваме точни информации, кои се потребите на граѓаните, каде се потребни нови градинки и училишта, каде е потребен стручен кадар за помош за лица со попреченост, нови болници, ефикасни политики за инвестиции, за располагање со работна сила и други податоци важни за политиките за одржлив развој. Државата се сака со поддршка на процеси кои значат развој и подобар живот за граѓаните, и тоа е патриотски чин, патриотски е да си ги кажеш корените. А тоа го овозможува пописот, бидејќи во графите за попис стои Македонци, а добиваат можност да се попишат и Албанците, Турците, Бошњаците, Србите, Ромите, рече Николовски, додавајќи дека придобивките од пописот се огромни и затоа е потребно обединување, а не бојкотирање на овој процес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.