НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров ќе лобира кај претходното и идното претсдателство со ЕУ

0
By Нова ТВ on March 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за евопски прашања Никола Димитров од утре ќе престојува во посета на Берлин и Љубљана, претходното и идното претседателство со Европската Унија.Димитров, на покана на државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот, утре ќе оствари работна посета на Берлин.

Покрај Рот, како што соопшти СЕП, во рамки на посетата предвидени се средби и со Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел, Нилс Шмид, портпарол за надворешни работи на парламентарната група на Социјал-демократската партија во Бундестагот, Сабине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики во германското МНР и Сузане Шуц, директорка во Министерството за надворешни работи на Германија, за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, како и со други релевантни соговорници во контекст на германската поддршка за европското досие на Северна Македонија.

Главниот акцент при разговорите ќе биде ставен на надминувањето на предизвиците и изгледите за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, со оглед на тоа што Германија има значајна улога во овие процеси, како дел од актуелното Трио од ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ.

Димитров ќе се осврне и на актуелните случувања во Северна Македонија, со фокус на главните реформи во контекст на европската интеграција, а со соговорниците ќе размени мислења и за Берлинскиот процес и очекувањата од Самитот кој што треба да се одржи во Берлин оваа година.

Од Берлин, вицепремиерот Димитров заминува во Љубљана. Словенечкото претседателство со ЕУ започнува на 1 јули годинава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.