НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Докиќ: Родителите слободно нека ги пуштат децата во градинка

0
By Нова ТВ on March 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Родителите да не се плашат да ги пуштат своите деца во градинка. Тие се сè уште мали и немаат доволен број АЦ2 рецептори и помалку се заразуваат со Ковид-19, а имаат и полесна клиничка сликаа, порача проф. д-р Дејан Докиќ.

Тој информира дека 80 проценти од инфицираните кои доаѓаат во поликлиниките и болниците, лесно го поминуваат коронавирусот, а 20 отсто имаат потреба од хоспитализација.

Директорот на Клиниката за пулмологија рече дека не може да каже дали британскиот сој создава потешка клиничка слика, но за него е едно сигурно, дека тој побрзо се шири.

-Гледаме дека британскиот сој навистина побрзо се шири. Тој се шири полесно заради тоа што има мутација на тој спајк-протеин. Тоа е протеин, со кој вирусот навлегува и се врзува со АЦ2 рецептори и навлегува во клетката домаќин. Но, не е само британскиот сој. Имате бразилски и уште поагресивниот јужноафрикански, објасни проф. д-р Докиќ.

Тој рече дека сè уште не може да се каже дали британскиот сој дава потешка клиничка слика и оти тоа е уште на ниво на опсервација. Но, порача дека не е лошо да се подигне степенот на заштита, со носење две хируршки маски и Н95, држење два метра дистанца.

– Подобро да бидете посигурни и повеќе сериозни и претпазливи отколку да ги занемарите мерките на заштита, вели професорот.

Тој истакна дека сите вакцини против Ковид-19 штитат и создаваат антитела и против мутираните соеви.

– Така што, докажано е дека сè уште овие соеви можат да бидат спречени доколку пациентите се вакцинираат со постоечките регистрирани вакцини. Секој вакцина има и некои несакани ефекти, но мора да спомнам дека пред да се регистрира една вакцина од ФДА и ЕМА, треба да дадете сериозни докази дека таа делува и оти е безбедна. Значи, за сите, па дури и ревизијата за „Астра Зенека“, ФДА и ЕМА изјавија дека тие се безбедни, вели пулмологот Докиќ.

Тој објасни дека по вакцинацијата можно е да се јават несакани ефекти како болка во раката, оток на местото на апликацијата, малаксаност, температура, болки по телото, но симптомите проаѓаат уште истиот ден.

Професорот порача луѓето да не се плашат од вакцинација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.