НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рот до Димитров: С. Македонија треба конечно да ги почне пристапните преговори со ЕУ

0
By Нова ТВ on March 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската влада ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, на мислење сме дека треба конечно да отпочнат пристапните преговори,изјави германскиот министер за Европа Михаел Рот по денешната средба со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров кој е во посета на Берлин.

-Силно го поддржуваме португалското претседателство, како би се овозможил почеток на преговорите во јуни оваа година. Во исто време ја охрабрувам Северна Македонија паралелно да работи на реформскиот процес, пред се’ јакнење на правната држава, решителна борба против корупцијата, независно дејствување на судскиот систем, тоа не е важно само за Унијата, многу поважно е за граѓаните на Северна Македонија. Многу ме радува отворениот и пријателскиот пристап при размената на мислења со Димитров и Северна Македонија може и понатаму да се потпре на германската поддршка. Ние ја поддржуваме вашата земја да се најде на тој многу значаен и нужно потребен пат кон ЕУ, наведе Рот.

Димитров, пак, ја пренесе загриженоста од македонска страна дека секое понатамошно одолговлекување со почетокот на преговорите со ЕУ, може да предизвика зголемена недоверба кон европската перспектива, не само на Северна Македонија туку и регионот.

Нагласи дека е потребно да се преземат одлучни чекори за да се надминат сите непринципиелни барања, со цел земјата што е можно побрзо да ја добие долгоочекуваната и заслужена валидација преку одобрување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција.

-Проблематизирањето на идентитетските обележја на еден народ како што е јазикот и условувањето истото да биде дел од пристапниот процес, не само што претставува своевиден ултиматум, туку и оправдана причина за намалување на довербата на македонската јавност кон евроинтерациите. Би сакал да верувам дека Германија со својата препознатлива упорност, заедно со земјите од Триото и се разбира со нашите напори, ќе успееме сегашното разочарување да го претвориме во политички успех, изјави Димитров.

Се обидов, наведе, да му ја доловам нашата перспектива, перспективата на македонските граѓани во однос на европската идеја, европската перспектива, дека е навистина крајно време да ги почнеме преговорите, бидејќи по сè што направивме и по очекувањата за германското претседателство и минатиот декември ќе биде многу тешко и за македонските граѓани, но и воопшто за граѓаните на Балканот да веруваат дека Европа е сериозна ако нема конкретни чекори напред, и во нашиот случај, и во случајот на Албанија, и за некои други прашања за другите држави од регионот.

-Со право се чувствуваме на некој начин повредени, посебно кога така важни идентитетски обележја како што е македонскиот јазик ни се проблематизираат на пат кон една заедница која што ја прославува различноста – и лингвистичка и културна на европскиот континент, рече Димитров.

Димитров и Рот размениле мислења и околу плановите за одржувањето на Самитот во Берлин во рамките на Берлинскиот процес планиран оваа година и заеднички се согласиле дека оваа иницијатива е значајна за регионот и неговото поврзување, особено преку активностите посветени на елиминирање на пазарните бариери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.