Демократскиот сојуз (ДС) го поздравува постигнатиот договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за одложување на пописот од здравствени причини, за одблокирање на Парламентот и за постигнување договор за изборното законодавство.
-Демократскиот сојуз беше единствениот коалициски партнер во Владата кој повика на одлагање на пописот, предупредувајќи дека статистичката операција нема да биде успешна и ќе даде искривени резултати, поради тоа што многу граѓани ќе се плашат да им отворат врата на попишувачите. Договорот за одлагање на пописот до септември ќе обезбеди голем дел од населението да се вакцинира, а особено попишувачите – за што исто така се залагавме и ќе даде дополнителни гаранции за успешен попис, се вели во соопштението од ДС.