Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се очекува измените на Изборниот законик да влезат во собраниска процедура

0
By Нова ТВ on March 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 30, 2021 09:09

Нормализирање на работата на Собранието, усвојување измени на Изборниот законик со примена на терминалот за отчитување на отисок од прст и вградување на препораките на ОБСЕ/ ОДИХР,  најавија вчера претседателите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ  и Христијан Мицкоски, а веќе од денеска се очекуваат конкретни активности во законодавниот дом и работните групи. Со законски измени треба да се овозможи и договореното одложување на пописот на населението за наесен, од петти до 30 септември, како и на локалните избори за кои првиот круг треба да се одржи во втората половина на октомври, а во ноември вториот.

Во собраниска процедура, како што најави Заев, денеска се очекува да влезат измените на Изборниот законик во однос на идентификација на гласачите со отпечаток од прст кој е договорен меѓу поголемите политички партии. 

– Презедовме обврска веднаш да продолжат работните групи и да разговараат за унапредување на Изборниот законик, пред се, вградување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во него. Исто така да се даде можност да се разговара за претстојните локални избори, а тоа е барањето на владејачките партии за отворени листи на локалните избори за советници, како и барањето на ВМРО-ДПМНЕ за избор на градоначалник во прв изборен круг со 30 проценти поддршка на кандидат од вкупниот број на гласачи во самата општина, но и за редовните парламентарни избори каде што би ги разговарале нашите барања и пред се, барањата на помалите политички партии – тоа е за една изборна единици, а од друга страна од ВМРО-ДПМНЕ да се разгледа можноста нашата дијаспора покрај гласањето во ДКП-та да може да гласа и во други гласачки места каде што има поголем број наше население, изјави Заев по средбата.

И Мицкоски очекува уште денеска на дневен ред во Парламентот да се најде измената во Изборниот законик која што се однесува на терминалите за отчитување на отпечаток  од прсти или т.н. фингерпринт терминали и успешно да биде изгласана во рамки на Парламентот.  Според него, измените на Изборниот законик за примена на терминалот на отисок од прст се многу значајни за демократскиот капацитет на самиот процес, односно „еден човек, еден глас“ со што се спречува семејно гласање кое во минатото било пракса.

-Се согласивме да ги охрабриме работните групи коишто во рамките на Парламентот преговараа за останатите измени во Изборниот законик како што се измената на изборниот модел во една изборна единица, или доколку има други предлози, понатаму отворени листи за советници на следните локални избори, избор за градоначалник во прв круг со тоа што би бил задоволен определен процент од вкупниот број на запишани избирачи во таа општина каде што се бира тој градоначалник, гласањето на дијаспората на следните парламентарни избори надвор од ДКП-та, односно онаму каде што дозволуваат законите да се формираат избирачки места надвор од ДКП-та и имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, изјави Мицкоски.

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ во рамки на Собранието ќе работи заедно со парламентарното мнозинство на сите закони кои се однесуваат на реформската агенда поврзана со интеграцијата на земјата во ЕУ и сите закони кои се однесуваат на поддршка на стопанството, економијата, граѓаните и борбата против пандемијата.

-Тоа што во моментов е закочено во процедурите во Парламентот се согласивме дека треба да биде откочено, односно заедно опозицијата и власта сите закони коишто се однесуваат на реформскиот процес и интеграцијата на Македонија во рамките на ЕУ, понатаму сите закони поврзани со поддршката во стопанството, граѓаните, борбата против пандемијата да бидат завршени и оваа помош да стигне таму каде што е најнеопходна, рече Мицкоски.

Договореното одблокирање на Собранието, како што нагласи Заев, е особено важно за граѓаните.

-Законите, како што се Клиничкиот центар, продолжување на рокот за легализација на бесправни градби, петтиот пакет мерки со 100 милиони од Европската инвестициска банка со кредитите за малите и средни претпријатија, АВМУ и МРТВ, што се заглавени повеќе од година и половина во Парламентот, Законот за државјанствата на, кои ќе присуствуваат координаторите на сите пратенички групи. Законите поврзани со пензионирање со 64 години, законите од екологијата и сите други закони. Секако и поддршка понатаму за сите други закони кои што се во нашата европска агенда и помош за населението и стопанството, информираше премиерот.

Тој соопшти дека за утре во 10 часот е закажана средба со претставници на Алијанса на Албанците и на Алтернатива на која ќе се разговара за Законот за државјанство, но и за сите останати прашања.

Средбата, како што рече премиерот, е на барања на Алијанса и Алтернатива, а на неа ќе присуствуваат и министрите за внатрешни работи и за правда. Поканети се и координаторите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА, а  упати покана и до Левица.

-Нека дојде и „Левица“ ако мислат дека треба да бидат присутни. Ќе му кажам на координаторот. Јас ќе бидам присутен со министерот за внатрешни работи и за правда за да изнајдеме решение се со цел власта да покаже доблест и разбирање за сите барања на опозицијата кои се разумни и рационални, изјави Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.