НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на средба министерот за одбрана на Кина разговарал и за испораката на вакцините „Синофарм“

0
By Нова ТВ on March 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев прими делегација на Министерството за одбрана на Народна Република Кина предводена од министерот за одбрана, генерал Веи Фенгхе, на која апелирал тој да пренесе до надлежните институции во НР Кина дека Северна Македонија очекува да се забрза испораката на набавката од 200 000 вакцини од компанијата „Синофарм“ за да бидат вклучени во процесот на имунизацијата во земјава која ќе почне утре.

– Генерал Веи Фенгхе на средбата истакна дека оваа порака ќе им биде веднаш пренесена на надлежните институции во НР Кина за да се потврди пријателството меѓу двете земји и за време на актуелната криза заради КОВИД-19, соопшти владината прес-служба по средбата на премиерот Заев со делегацијата на Министерството за одбрана на Кина, на која присуствуваше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Посакувајќи им добредојде на генерал Веи Фенгхе и на членовите на неговата делегација, Заев истакна дека оваа официјална посета на Министерството за одбрана на НР Кина е уште една значајна потврда на добрите односи меѓу двете земји кои во последните години имаат позитивен и нагорен раст.

– Претседателот на Владата Зоран Заев во своето обраќање пред гостите од НР Кина нагласи дека двете земји ги исполнуваат своите обврски од Договорот за соработка во сферата на одбраната, особено во делот военото образование и обуки. Премиерот Заев посебно се задржа на економската соработка меѓу двете земји и изрази надеж дека работните тела на министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и НР Кина набргу ќе ги завршат разговорите за укинување на визите со што ќе се постигне уште еден значаен чекор за уште поголем раст на трговската соработка, како и за интензивирање на соработката во туризмот, се наведува во соопштението.

Укинувањето на визите, рече премиерот на средбата, ќе помогне да се оствари амбицијата на двете земји трговската размена идната година да достигне вредност од 1 милијарда американски долари, која во 2020 година достигна 763 милиони долари.

Прес-службата на Владата информира дека министерот Веи Фенгхе на средбата го пренесе своето и задоволството на Владата на Кина за степенот на соработка на двете министерства и особено од остварувањето на позитивните трендови во економијата кои произлегуваат од консензуалниот договор меѓу Северна Македонија и НР Кина за унапредување на релациите меѓу стопанските субјекти на двете земји.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.