НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започна вакцинацијата против Ковид-19 на граѓани на возраст над 77 години

0
By Нова ТВ on March 31, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: thejakartapost.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вакцинација на 20 000 граѓани на возраст над 77 години со хронични болести почнува денеска во вакциналните пунктови ширум земјава.

Според најавите, вакцинацијата од денеска почнува во поликлиниките „Јане Сандански“, Чаир и Букурешт во Скопје, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица, како и во болницата во Кавадарци. Од петок ќе почне вакцинацијата во Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод.

– Националниот систем „Мој Термин“ ги отвори термините преку кои матичните лекари закажуваат вакцинација на овие гараѓани. До крајот на оваа и за следната недела, на територија на цела држава пуштени се 9577 термини, а досега закажани се 5976 термини за вакцинација на граѓани над 77-годишна возраст. Вакциналните пунктови низ државата ќе работат во две смени, ќе бидат отворени од 8 до 20 часот, од понеделник до петок. Матичниот лекар на секој граѓанин кога му закажува тремин за вакцинација должен е да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа, каде се спроведува вакцинација против Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Тие 20 000 граѓани ќе примат вакцина од компанијата „АстраЗенека“, чија пратка од 24 000 дози пристигна на 28 март на аеродромот во Скопје преку Ковакс механизмот.

Се очекува да стигнат уште 76 000 дози вакцини од „Астра Зенека“ исто така преку Ковакс механизмот кои ќе бидат предвидени за ревакцинација, како и поголеми количини вакцини и од Кина и Русија.

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа во гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 најави дека земјава ќе ги следи примерите на Канада и на Германија и нема да вакцинира лица помлади од 60 години со вакцината на „АстраЗенека“.

– Вечерва по двата извештаи на Канада и на Германија донесовме одлука дека ќе ги следиме нивните препораки и нема да вакцинираме со „АстраЗенека’ лица кои се помлади од 60 години. Ние, секако, утре почнуваме со вакцинација на повозрасни граѓани на возраст над 77 години, рече Филипче.

Тој додаде дека дополнително ќе се обратат и до Европската медицинска агенција (ЕМА) за став во врска со вакцината на „АстраЗенека“ по одлуките на Канада и на Германија.

– Буквално секоја вакцина која влегува во земјава е сигурна и безбедна. Националната стратегија е правена за да се категоризираат ризичните групи. Ќе ги следиме сите насоки кои произлегуваат од меѓународните регулатори, додаде Филипче.

Претходно, министерот Филипче најави дека април ќе биде месец кога се очекува вакцините да стигнат од повеќе места и после оваа приоритетна група граѓани над 77 години и други граѓани да се повикаат и да бидат вакцинирани.

Целокупниот процес на вакцинација ќе се одвива во тоа што е напишано во националната стратегија за имунизација и приориетните групи се одредени од страна на Светската здравствена организација.

Досега во државава се вакцинирани 7005 здравствени работници. Над 4000 примија вакцина на „Фајзер“ и беа ревакцинирани. Во државава викендот пристигна и втората пратка од руската вакцина „Спутник В“, наменета за ревакцинација на 3000 здравствени работници, кои веќе ја примија првата доза од истата вакцина.

Одреден број наши граѓани се вакцинираа со „Астра Зенека“ во Србија, меѓу кои имаше вработени во компании, новинари… Министерот Филипче посочи дека за граѓаните кои ја искористиле можноста и се вакцинирале во Србија побарал да му биде испратен електронски список со цел тие да се ревакцинираат во нашата земја.

Во меѓувреме во тек се подготовките за масовната имунизација и во текот на следната недела ќе биде целосно подготвен големиот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“.

Надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи ова е специфичен период.

– Има доволно болнички места, нема потреба за паника, но со почитување на мерките сите помагаме трансмисијата на вирусот да се намали, порача вчера министерот Филипче.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.