НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обид на премиерот Заев за деблокада на Собранието

0
By Нова ТВ on March 31, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев во понеделникот по разговорите со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоси, најави дека за денеска во 10 часот е закажана средба со претставници на Алијансата за Албанците и Алтернатива на која ќе се разговара за Законот за државјанство, но и за сите останати прашања.

Средбата, според Заев, е на барања на Алијанса и Алтернатива, а на неа ќе присуствуваат и министрите за внатрешни работи и за правда, а поканети се и координаторите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА.

– Нека дојде и Левица ако мислат дека треба да бидат присутни. Јас ќе бидам присутен со министерот за внатрешни работи и за правда за да изнајдеме решение се со цел власта да покаже доблест и разбирање за сите барања на опозицијата кои се разумни и рационални, изјави Заев во понеделникот.

Премиерот вчера повтори дека во Владата постои волја да се најде решение за Предлог-законот за државјанство, предложен од Алијанса на Албанците и Алтернатива, кое ќе се базира на европските практики.

– Како претседател на Владата уште во четвртокот вечерта по седницата за пратенички прашања дадов насока до министрите за внатрешни работи и за правда, да подготват идеи, европски практики и да изнајдат потенцијални решенија, коишто ќе се засноваат на докази и аргументации. Нашата волја е присутна исто како и кај две опозициски партии Алијанса за Албанците и Алтернатива и верувам дека ќе најдеме решение, рече Заев, коментирајќи го барањето на двете опозициски партии на Албанците да се донесе нивниот Предлог-закон за државјанство во Собранието или во спротивно ќе ја блокираат работата на законодавниот дом.

Според Заев, треба да се најдат трајни одржливи решенија коишто нема да предизвикуваат проблем на они коишто немаат државјанства.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши вчера на заедничка прес-конференција со првиот човек на Алијансата за Албанците, Зијадин Села изјави дека до тој момент не добиле покана за средбата што ја најави премиерот.

– До денеска ниту јас, ниту Села не сме добиле покана од Заев за средбата. Се најавуваше, има конткати со нашиот кординатор, но не се знае точно во каков формат би се одржала и за што би се разговарало. Но, јасно е дека досега немаме покана за таква средба, рече Гаши, додавајќи дека ако добијат покана подготвени се да седнат и да разговараат.

Меѓутоа, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари најави дека е можно оваа партија да не присуствува на средбата што ја најави премиерот Заев.

– Се сомневам дали ќе седиме и не знаеме дали треба да седиме со нив на маса. Но, повторно има партиски тела кои денеска ќе одлучуваат. Имаме сериозни дилеми дали вреди да седнеме со личност која ја менува изјавата пет пати на ден. Човекот не е сериозен и тешко е да се најде заедничко решение со него. Тоа што го ветува денес, утре не го исполнува, изјави вчера Таравари, кој е и градоначалник на Гостивар.

Од друга страна, лидерот на Левица, Димитар Апасиев изјави дека доколку добијат покана за учество на средбата, ќе ја прифатат под услов таа да се одржи во Собранието. Според него, институциите се тие каде што треба да се решаваат политичките кризи, а не како што беше досега шетање по викендици и вили.

– Сметаме дека тука треба да се решаваат споровите. Веќе покажавме дека имаме капацитет со деблокирањето на Собранието и без помош на странци да ги решаваме политичките кризи. Мислам дека во таа насока ќе продолжи утрешната средба. Доколку добиеме покана, ќе ја прифатиме под тој услов. Се уште немаме добиено официјална покана, рече Апесиев на прес-конференција во Собранието.

Апасиев истакна дека нивниот став за Законот за државјанство останува ист дека нема да го поддржат во таква формата во која што ја предлагаат Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Претседателот Стево Пендаровски вчера по седницата на Советот за безбедност изјави дека очекува на средбата да биде постигнат компромис.

– Не е добро заради еден политички предлог на опозицијата Парламентот да биде комплетно парализиран, но не е добро да немаме решение и за реалните проблеми на нашите граѓани кои со години живеат тука, а не можат да го регулираат својот престој и да ги остваруваат своите права сосема небитно колку луѓе спаѓаат во таа категорија, истакна претседателот Пендаровски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.