НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска на Форум во Мексико: Жената има право на репродуктивна слобода, сама да одлучува за сопственото тело

0
By Нова ТВ on March 31, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска се обрати на онлајн „Generation Equality Forum “, кој во организација на UN Women и владите на Франција и Мексико, годинава се одржа со седиште во Мексико Сити од 29-31 март.

-Женското здравје, правата, можностите и пристапот до здравствена заштита на жените се во фокусот на сексуалните и репродуктивни права. Со последните измени на Законот за прекин на бременост жената има право на репродуктивна слобода, самата да одлучува за сопственото тело, дали, кога и колку деца ќе роди, истакна министерката Шахпаска во своето обраќање.

Таа потенцираше дека концептот на Владата на Република Северна Македонија „Едно општество за сите“ подразбира дека жените и мажите треба да имаат еднакво право на човечки, социјален, економски и културен развој. Ова, додаде таа, е концепт кој доследно се имплементира изминатиот период и не прави лидери во регионот.

-Здравствениот систем е должен да одговори соодветно, квалитетно согласно најсовремените стандарди на медицината базирана на докази. Оттука, со воведувањето на медикаментозен абортус во чекор сме со европските практики и протоколи, посочи Шахпаска.

Таа зборуваше за превентивните програми со кои се овозможува рано откривање на промените на репродуктивните органи кај жените, рана дијагностика и висок процент на успешно лекување. Тоа генерира и заштеда на сериозни финансиски средства, затоа што жените после успешно лечење се враќаат на пазарот на трудот.

-Воведени се нови терапии за рак на дојка и секоја жена има навремен пристап до нив. Обезбедени се и бесплатни ортопедски градници за оперираните жени. Воведена е и најнапредна технологија за скрининг на рак на дојка во рана фаза, со точна и прецизна дијагностика што е од клучна важност за понатамошниот третман на пациентките, истакна министерката.

Во поглед на образованието, министерката информираше дека е подготвен тригодишен Акциски план за пилотирање на сеопфатно сексуално образование. При што, развиени се едукативни модели за негово спроведување, подготвена е наставна програма на ученици од 13 до 15 годишна возраст и прирачник за наставници за спроведување на овој пилот проект.

-Министерството за труд и социјална политика работи на изготвување на новата Стратегија за родова еднаквост 2021-2026 година. Работната верзија на новиот закон за родова еднаквост е готова, по што ќе отвориме широка дебата во општеството, со единствена цел воспоставување на ефикасен систем на родова еднаквост, додаде Шахпаска.

Таа нагласи дека Република Северна Македонија продолжува да работи на унапредување на човековите права, вклучително и на сексуалните и репродуктивните права на жените, како предуслов за општество втемелено на демократски принципи.

Република Северна Македонија од ноември 2020 година е партнер во Акциската коалиција за сексуално и репродуктивно здравје и свои претставници од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство, кои активно учествуваа во подготовката на визијата, акциите и тактиките на оваа Коалиција.

Форумот во Мексико е главна, глобална пресвртна точка за родовата еднаквост. Тој претставува значаен напор за обединување владите, корпорациите и креаторите на промени од целиот свет за да ги дефинираат и најават нивните амбициозни инвестиции и политики. Овој форум претставува и вовед во главниот настан кој ќе се случува во Париз од 30 јуни до 2 јули 2021 година, на највисоко ниво.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.