НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција ќе финансира проекти на Македонија за да влезе побргу во ЕУ

0
By Нова ТВ on March 31, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регионалниот директор на Француската агенција за развој на Западен Балкан,  Доминик Отберг, ја презентираше денес во македонското МНР новата стратегија за поголемо присуство на Франција и за побрз економски и социјален развој на Македонија – што ќе ни ја отвори побрзо вратата во Европската унија.

Според Отберг, Агенцијата ќе располага со фонд од две милијарди евра за целиот регион, или на годишно ниво ќе финансира проекти во вредност од 200 до 300 милиони евра. Тие пари ќе бидат дадени како буџетска поддршка на владите за спроведување на јавните политики во економијата, социјалната заштита, урбаниот развој, животната средина, за енергетската ефикасност, родовата заштита и слично, за да донесеме соодветно законодавство при преговорите за различни подрачја.

Покрај овие сретства, тој најави и заеми за јавните претпријатија и за локалната самоуправа, како и насочување кон нас на сретства добиени како субвенции од Унијата, кои ги опиша како „стотици милиони евра, а наскоро и милијарди“.

Досега ваква финансиска и инвестициска поддршка била дадена на Албанија и на Србија,а сега на ред дојде Македонија. Според Отберг активностите во Македонија задоцниле бидејќи првично проектот бил наменет само за Албанија, а подоцна бил проширен за целиот регион. исто така влијание имале предвремените избори во Македонија и техничката влада, кои придонеле да се одложи потпишувањето на меѓувладиниот договор кој отвора врата за активностите.

-Тука сме сега за да ги идентификуваме потребите, рече Отберг, нагласувајќи дека француската Агенција за развој е присутна во 115 земји, а еве сега и во Македонија. Според него, подготвени се да делуваат брзо и преку партнерство и соработка да ги идентификуваат приоритетните проекти.

Амбасадорот Сирил Бомгартнер дополни дека Франција сака да е поприсутна во оваа земја и дека за таа цел потпишале договор со нашата влада кој ќе им овозможи да почнат со активностите веднаш.

-Железото се кове додека е жешко. Сакаме да ја покажеме нашата желба за конкретна соработка, порача амбасадорот, додавајќи дека целта на стратегијата е воспоставување вистинско партнерство на патот на евроинтеграцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.