НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Ќе работиме да ја зголемиме минималната плата на 18.000 денари, но сега не е моментот

0
By Нова ТВ on April 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Минималната плата сè уште не е достоинствена и кога економските услови ќе бидат добри ќе работиме да ја зголемиме и до 18.000 денари, но сега не е моментот. Само пред три години минималната плата беше 8.500 денари во одредени сектори, а 9.000 во сите сектори. Денеска е 15.194 денари и тоа покажува дали имаме политичка волја да ја зголемиме или не, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Претендирам минималната плата да биде повисока од 60 отсто од просечната, но кога економијата ќе биде доволно продуктивна и ефикасна за да креира раст кој може тоа да си го дозволи. Минималната плата кај нас беше 40 отсто од просечната, а сега достигнавме до 53,4 отсто. Стремиме кон 60 отсто, но тоа се прави постепено. Во владината програма имаме кажано дека минималната плата ќе биде 18.000, а просечната плата 36.000 денари и тоа е точно тоа што сакаме да го постигнеме. Ќе одиме уште подалеку од тоа и ќе стигнеме на минимална плата од 20.000 денари кога нема да зборуваме за економска криза, рече вицепремиерот Битиќи во одговор на прашање пред почетокот на панел дискусијата „Пристап и креативни стратегии во креирањето на програми за вработување на младите“.

Вчера, потенцира, имавме историски момент во период на криза направивме исчекор и имаме зголемување на минималната плата од 1,7 отсто.

-Јас сум поборник на консултации и изнаоѓање на консензус со сите чинители, вклучувајќи ги и синдикатите, работодавачите и секој граѓанин, но мораме да сфатиме дека владеењето на правото почнува од нас самите. Не можеме заради политички поени кога законот пропишува одредени критериуми да ги занемариме, нагласи Битиќи.

Посочи дека вчера со синдикатите имале различно гледање на еден од критериумите во Законот за минимална плата и посочи дека како Влада докажале оти имаат политичка волја за зголемување на минималната плата.

-Минималната плата се зголемува и според процентот на зголемен пораст на БДП, а светската терминологија и Државниот завод за статистика познава реален раст на БДП. Синдикатите ценат дека БДП може да биде само позитивен, а ние тврдиме дека реалниот раст на БДП може да биде и позитивен и негативен. За жал ние минатата година имавме негативна стапка на раст од -4,5 проценти и токму таму беше разликата на толкувањето, појасни Битиќи.

Синдикатите, како што рече, тврделе дека треба растот на БДП да се земе како единица, а не реалниот раст и токму таму, потенцира, се кршеа копјињата.

-Во нашата држава 10 отсто од работници или околу 75.000 земаат минимална плата. Минатата година кога беше најпотребно да се направат мерки се помогна на најзагрозените. Беа таргетирани и стопанството и граѓаните и во суштина се покажа дека ефектот на нашите мерки за справување со пандемијата направи да имаме помал пад за 4,2 отсто на БДП. Ако не беа мерките во 2020 година падот на БДП ќе беше – 8,7 отсто, а сега е – 4,5 отсто. Ќе продолжиме да ги следиме состојбите и ќе се заложиме економијата да може сама да генерира достоинствени примања и тоа го правиме конзистентно преку различни програми, потенцира Битиќи.

Вчера Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека на седницата на Економско – социјалниот совет (ЕСС), првпат, за потребата од усогласување на минималната плата, работодавачите и Владата со осум наспроти четири гласа ги надгласаа работниците за висината на износот на усогласување на минималната плата согласно Законот која се усогласува врз основа на една третина од порастот на просечно исплатената плата, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на БДП за претходната година според податоците на Државниот завод за статистика.

Како што наведе ССМ, претставниците на Владата и работодавачите сметале дека реалниот пораст на БДП може да биде и во минус. Според нивните пресметки, поради тоа усогласувањето на минималната плата ќе биде пониско за 211,00 денари и ќе изнесува околу 15.190,00 денари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.