НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шрамаер: Креатурите од минатото нема да исчезнат по изборите во Бугарија

0
By Нова ТВ on April 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Клаус Шрамаер, поранешен заменик-амбасадор на Германија во Бугарија и експерт по уставно право, за бугарската редакција на Дојче вели дека единствената реална политичка промена по изборите ќе биде одлуката на Софија да го укине ветото против Скопје, а се друго ќе остане исто, вклучувајќи го беззаконието и корупцијата.

„Оваа антимакедонска фарса, која всушност се игра само од тактички причини пред изборите за да се придобијат националистичките кругови, конечно мора да се запре. Инаку, сè ќе остане исто – освен некои мали пресврти“, вели Шрамаер.

Запрашан кој според него ќе победи на изборите во Бугарија, тој оцени дека тоа ќе биде повторно ГЕРБ.

„Секој непристрасен надворешен набудувач би очекувал дека овие избори се предодредени за сосема поинаква насока, бидејќи по 10 месеци улични протести, Борисов и неговата дружина веќе требаше да бидат елиминирани. Сепак, чуда не се случуваат. Повеќе од 30 години, по 10 ноември 1989 година, Бугарија останува Бугарија. А тоа значи Балкан. Духовите од минатото, навиките од минатото, плус постсоцијалистичките рефлекси сè уште доминираат таму. Дури и да победи разумот, сепак нема шанси да победи некој друг – поради ‘контролираниот глас’ што веќе стана фолклор и поради изборните фалсификати.

Покрај тоа, во Бугарија сè уште нема гласање по пошта, а во услови на пандемија ова дополнително ќе ја намали излезноста, што е од корист на големите партии и статус кво состојбата. Во расцепкан парламент со 5-7 партии во него, формирањето влада нема да биде лесно“, вели екс-амбасадорот.

Околу новиот политички играч, партијата на Слави Трифонов Има таков народ, која според анкетите има над 10 отсто поддршка во јавноста, Шрамаер вели:

„Немам што да кажам за Слави Трифонов и неговите, наводно добри шанси според анкетите. Имало политичари – комичари и на други места“.

Како безнадежна тој ја смета моменталната состојба во Бугарската социјалистичка партија предводена од Корнелија Нинова.

„Кога зборував пред малку за постсоцијалистичките рефлекси – БСП е најдобриот пример за нив. Сè уште не успева да стане социјалдемократска партија. А, сепак ќе освои 62 места ако веруваме во анкетите“, вели тој.

Победата на ГЕРБ според него ќе ја обезбедат конформистите и опортунистите:

„Земјата ќе остане во рацете на беззаконието и под власт на олигарсите и корупцијата. И нивни инструменти ќе продолжат да бидат политичарите. Софија ќе продолжи театрално да ги пласира руските шпионски приказни на Западот, за да може истовремено слободно да продолжи со своите далавери со Русија – како на пример, ‘Турски поток’ и Белене.

И покрај ваквата оценка тој смета дека Бојко Борисов и ГЕРБ можат да сметаат на поддршката од Европската народна партија и на германските демохристијани по изборите – бидејќи нив ги сметаат за помало зло во Бугарија. Надеж за промена тој гледа во иселениците кои според него се интелигентни и отворени кон светот, така што сигурно ќе ја поддржат опозицијата.

„Сепак, се зависи од одзивот. Но, дури и ако одзивот на гласачите е мал, не верувам дека ќе се појави коалиција помеѓу традиционално големите партии со мнозинство поголемо од 120 пратеници. Според мое мислење, нема смисла да се размислува рационално за исходот на овие избори. Креатурите од минатото нема да исчезнат како резултат на изборите. Оваа можност беше пропуштена во 1989-1990 година. Уличните протести од 2013-2014 година исто така не ги променија основните ставови“, вели тој.

извор: независен.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.