НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стејт департментот со порака: Бугарија да не го дестабилизира регионот

0
By Нова ТВ on April 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарија да ги спроведува своите закони еднакво за сите етнички групи во земјата, меѓу кои и македонската и да изнајде решение на отворените прашања со Северна Македонија, бидејќи блокадата на пристапувањето на соседот во ЕУ „ризикува дестабилизација во регионот“, изјавија денеска за МИА од американскиот Стејт департмент, а поврзано со најновиот извештај за состојбата на човековите права во соседната земја.

Годишниот извештајот за човековите права на Стејт департментот, објавен завчера, е продлабочен документ за состојбата со прекршувањето на човековите права во светот. Во извештајот за 2020 година е нотирано дека Софија продолжува да репресира поединци и групи од македонско потекло кои само сакаат слободно изразување и здружување.

На прашања зошто е тоа така и зошто властите во Бугарија не ја признаваат македонската историја, идентитет и јазик и го блокираат пристапувањето на Северна Македоноја во ЕУ, високо официјално лице на Стејт департментот го изјави следното: „Ја охрабруваме Бугарија да ги спроведува своите закони еднакво за сите етнички групи и да се придржува до своите меѓународни обврски за човекови права, како правото на слободно собирање“.

Оттаму го истакнуваат историската значење на Договорот од Преспа склучен меѓу Грција и Северна Македонија.

„Овој договор демонстрира дека земјите од Западен Балкан се способни да завршат сложени работи, да направат компромиси и да дојдат до решение. Ние сме сигурни дека Бугарија и Северна Македонија ќе го сторат истото со преговарање околу нивните билатерални прашања, но тоа да се издвои од процесот за пристапување (на Северна Макодонија) во ЕУ“, нагласува високиот претставник на Стејт депарментот.

Лани Бугарија го блокираше усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија, со што ги запре пристапните преговори на нашата земја со ЕУ.

„Блокирањето на интегративниот пат на Северна Македонија кон ЕУ ризикува дестабилизација на нормалните блиски односи меѓу сојузниците од НАТО и може да го поткопа значајниот прогрес за продлабочување на регионалната соработка. Тоа би било загуба за секоја земја од јужна и централна Европа“, посочија од Стејт департментот. Oтаму додаваат и дека САД се силен поддржувач на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.

„Сметаме дека иднината на Западниот Балкан е директно поврзана со ЕУ. Процесот на проширување во регионот промовира долготраен мир, стабилност и просперитет“, велат од Стејт департментот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.