НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најсилен бран на Ковид: Рекорден број новозаболени, хоспитализирани и починати

0
By Нова ТВ on April 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Расте бројот на новозаболени од Ковид-19, на хоспитализирани и на починати. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 1.320 случаи со Ковид-19, 50 починати, 457 оздравени пациенти.

На инфективните оддели во земјава се лекуваат вкупниот 1.720 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои 686 се во Скопје.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 132.740, бројот на оздравени пациенти е 108.197, а на починати е 3.860. Вкупниот број активни случаи изнесува 20.683 од кои 10.281 се во Скопје.

Вкупно вакцинирани се 8.398 здравствени работници и граѓани на возраст над 77 години, а пријавени за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk се 123.300 граѓани.

Премиерот Зоран Заев вчера уште еднаш апелираше сите граѓани да се вакцинираат против Ковид-19. Досега, истакна Заев, вакцинацијата тече со предвидената динамика, но, како што бил информиран од министерот Филипче, 20 отсто од пријавените повозрасни граѓани не се јавиле на пунктовите.

Премиерот ја соопшти и динамиката на пристигнување на останатите количини вакцини во април и мај.

-Според последниот допис што го имаме, до крајот на април ќе стигнат 200.000, сите како цела количина. Нема да стигаат како другите со по три, осум, 20 или како се најавени. Јас уште еднаш да кажам дека почна вториот квартал, а во вториот квартал еве и „Фајзер“ ги најави 80.000 вакцини дека ќе стигнат. Тие ќе бидат поделени на седмици или на десетина дена како што ќе дојдат. Овој месец ќе стигнат вакцините од ЕУ. Од 651.000 за Западен Балкан, некаде околу 100.000 се за нас и ги очекуваме првите 20.000 или 25.000 да стигнат во април, па понатаму очекуваме на секои 15 дена да стигаат. Спутниковите следни количини ги очекуваме исто така во април да стигнат. Уште една количина до 100.800 вакцини очекуваме да нѝ стигнат од Ковакс механизмот. Стигнаа 24.000, значи 76.800 ги очекуваме до крајот на арпил месец. Сите овие 78.100 голем дел веќе се нормално искористени кај нашите здравствени работници кои досега беа вакцинирани. Сите овие вакцини ни даваат право да веруваме за комплетниот континуитет, рече Заев.

Тој потсети дека салата „Борис Трајковски“ во Скопје веќе се подготвува за масовна вакцинација.

– Она што изненадува и нѐ боли е што пријавените сите, односно тие што се над 75, 77 години се хронично болни, 20 отсто не се јавија на пунктовите. Апелирам да се јават сите, да ја примат вакцината, ова е важна работа, само на тој начин ќе го заштитиме нашето здравје, само на тој начин ќе ја победиме пандемијата, истакна премиерот.

Министерот за здравство Венко Филипче уште еднаш повтори дека засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки поради Ковид-панедмијата. Сепак, предупреди, здравствениот систем е под огромен притисок каков што не бил никогаш во историјата. Се соочуваме со пикот и со досега најсилниот бран, но тоа е нешто што се случува буквално во сите околни земји, во цела средна Европа, па и во останатите земји на северната полутопка.

Тој смета дека бројката на вакцинирани граѓани во текот на следните денови ќе биде се поголема. Здравствените власти чекаат официјалниот став на Европската агенција за лекови (ЕМА), за „Астра Зенека“, а во меѓувреме продолжува вакцинацијата на постарите групи граѓани со оваа вакцина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.