НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за здравство – бараа оставка од Филипче

0
By Нова ТВ on April 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно одржа протест пред Министетството за здравство каде побара оставка од министерот Венко Филипче зашто смета дека не ја менаџира добро здравствената криза.

Демонстрантите фрлаа балони со вода кон зградата на Министерството за, како што и го насловија протестот – „Да го измиеме срамот на Филипче и Заев“.

Дафина Стојаноска, член на партискиот Извршен комитет, по едноминутно молчење за 3.860 починати од Ковид-19 во земјава, рече дека министерот „нема ни жал, ни доблест да се извини или да се повлече“ и дека се обидел да ја префрли или сподели одговорноста.

Патувањето на Заев и Филипче вчера со хеликоптер до Прилеп го нарече авантура што чини околу 4.000 евра.

„Луѓето на Заев на сред најголемата македонска криза заминуваат на одмори на егзотични дестинации и велат дека било ефтино, дека заслужиле луѓето одмор. Ова ли е изговор за нивната ароганција. Нека појдат кај семејствата на починатите и ова нив нека им го соопштат“, истакна Стојаноска.

Пратеничката од ВМРО- ДПМНЕ Велика Стојкова-Серафомовска рече дека голем дел од здравствените работници сè уште не се вакцинирани, дури и оние кои работат во болниците во ургентните одделенија и се изложени на најголем ризик.

Според пратеникот Дарко Костовски, доколку власта набавела вакцини и имала систем за справување со ковид-кризата, бројот на заразени и починати немало да биде толку голем.

– Jас немам дилема дека секој човечки живот изгубен во оваа пандемија е грижа на владата. Доколку имаше било каков ситем за справување со кризата, доколку не бевме подбив на регионот  и светот особено со моментот со вакцините, јас сум убеден дека бројката вчера немаше да биде 50 починати и дека бројот на заболени немаше да бидат толку многу, туку ќе беа многу помалку. Меѓутоа ова несмаснот од владата по однос на сите прашања мора да запре час поскоро. На Македонија и е  потребна една добра влада кој ќе внесе сигурност  и скромност и ќе покаже дека знае да се справи со предизвиците, додаде Костовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.