НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брнабиќ за вакцините за Македонија: Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња

0
By Нова ТВ on April 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња – на Северна Македонија ѝ испративме 8.000 вакцини на Фајзер и 40.000 вакцини „спутник V“, што е за 24.000 граѓани, изјави српската премерка Ана Брнабиќ на ТВ Прва.

Брнабиќ додаде „дека ова нема никаква врска со политиката, но се надева дека ова ќе не зближи во иднина“.

-Народот од тие земји ја гледа таа подадена рака. Среќна сум што Србија е препознаена да може тоа да го направи и како единствена земја во светот што има таков вид солидарност.

Таа најави дека во Србија утре пристигаат 106.470 вакцини Фајзер и 500.000 Синофарм, додавајќи дека вакцинирањето на граѓаните од регионот нема да продолжи, но дека и во иднина помошта ќе се дава.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, утрово медиумите повикувајќи се на одлуката на Министерството за здравство, објавена во Службен весник, објавија вест дека граѓаните на Република Србија кои планираат да патуваат во странство за време на Велингденските празниците, мора да имаат предвид дека кога ќе се вратат ги чекаат нови правила.

Како што беше соопштено, одлучено е да по враќањето од Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Унгарија, за српските граѓани задолжителен е ПЦР тест. Ова го демантираше премиерката Ана Брнабиќ, изјавувајќи дека оваа вест ја изненадила.

-Не е точно, немаме променето. Оние кои се ревакцинирани можат да влезат без ПЦР тест. За сите други на кои не им е потребен ПЦР тест, се државјани на Мини Шенген – Северна Македонија, Албанија, плус Унгарија и Бугарија, изјави Брнабиќ.

Таа најви дека од утре во Србија делумно се убалжуваат епидемиолошките мерки.

Од утре, угостителските објекти на отворено ќе работат до 22 часот. Малку ги олеснуваме мерките, не премногу, кажа таа, наведувајќи дека 26 отсто од возрасните граѓани се вакцинирани со една доза, додека околу 19 отсто е ревакцинирани.

-Се надевам дека ќе го вратиме животот во нормала до крајот на јуни, рече Брнабиќ.

Брнабиќ се осврна и на корона орото кое повторно се случи синоќа пред споменикот на Стефан Немања во Белгад.

– Што се однесува до орото кај споменикот на Стефан Немања – покажавме дека никогаш нема да апсиме луѓе и да ги приведуваме за непријавени собири ако се мирни. Имавме не пријавени собири во минатото што траеја со месеци. Не можам да го користам своојот субјективен поглед за собирот – и ова беше не пријавен митинг, жал ми е што се одржа, но беше мирен. Можеме да апелираме тоа да не се случува, кажа српската премиерка.

Што се однесува до антиваксерите, пак, според неда, тие ја загрозуваат националната безбедност.

– Антиваксерите на социјалните мрежи ги загрозуваат безбедноста и животот на луѓето, шират паника, лажни вести и затоа ги уапсивме. Мислам дека тоа беше исклучително важна порака. Државата не може да апси луѓе кои размислуваат поинаку, а мирно се собираат на улиците, изјави Брнабиќ

Како што кажа таа, од петте антиваксери што се приведени, едно лице било вакцинирано, а истовремено ширело лажни вести против вакцинацијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.