НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчки конзерватори во Курбиново, Хераклеја и Охрид

0
By Нова ТВ on April 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во изминатите три дена во работна посета на Македонија беа Флора Карагиани, директорка на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и Марија Мерзани, директорка на Управата за конзервација на антички и современи споменици од Грција.

За време на посетата експертите од Грција со директорот на НУ „Завод и музеј“ – Прилеп, Благој Атанасовски го посетија манастирот Трескавец. Нивната работна посета продолжи во Преспа каде со директорката на НУ „Завод и музеј“ – Битола, Мери Стојанова и надлежните конзерватори, ги посетија црквата „Св. Илија“ во с. Грнчари и црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново.

Во Курбиново се дискутираше за досега преземените зафати во доменот на конзервацијата на архитектурата на цркавата и за активностите кои следат, како и за проектот кој претстои – конзервација на ѕидното сликарство. За време на посетата, експертите од Грција го изразија својот позитивен впечаток за стручниот пристап во реализацијата на досегашните активности.

Работната посета продолжи со посетета на археолошкиот локалитете Хераклеја Линкестис, каде Мери Стојанова имаше можност да продискутира за значењето на локалитетот, но и за активностите кои се преземаат во рамките на проектот за инфраструктурно унапредување на Хераклеја, во програмата за прекугранична соработка со Албанија, SMART-CUL-TOUR, како и проектот за конзервација на архитектурата и мозаиците во Хераклеја.

Работната посета продолжи со посета на Охрид, каде гостите имаа можност да се запознаат со историјата и актуелните програмски активности во Галеријата на икони, „Св. Богородица Перивлепта“ и „Св. Софија“.

Посетата на Флора Карагиани, директорка на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и Мариа Мерзани, директорка на Управата за конзервација на антички и современи споменици од Република Грција започна пред три дена во Скопје со посета на Археолошкиот музеј и средба со министерката за култура, Ирена Стефоска. На средбата, меѓу другото, беше иницирано и потпишување меморандум за соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и беше изразена подготвеност за конкретна соработка помеѓу двете пријателски земји со особен фокус на конзервација и реставрација на византиското наследство, обука на стручни кадри за заштита, како и академска соработка и изработка на трудови.  На средбата беше договорено дека соработката ќе се формализира оваа пролет, а некои од заедничките проекти ќе може да почнат веќе оваа година, се вели во соопштението на Министерството за култура.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.