Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Поздравуваме што Мицкоски ги промовира повисоките плати во здравството

0
By Нова ТВ on April 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 4, 2021 18:48

СДСМ поздравува што Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук ги промовира повисоките плати во здравството, подобрените услови, реновираинте болници и достапноста до нови лекови, се вели во соопштението на владејачката партија.

Во прилог неколку факти од изминатите 4 години за следните статуси на Мицкоски, се надеваме дека ќе успее да опфати се:

1.       Повисоки плати за здравствените работници:

–          Основната плата на лекарите специјалисти се зголемени за 40%

–          На медицинските сестри платите се зголемени помеѓу 20% и 23%

–          На општите лекари платите се зголемени за 25%

–          На здравствени соработници платите се зголемени за 15%.

Зголемени се и капитациите за матичните лекари. Сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија, од 1 октомври 2019 добиваат приближно 15 посто повеќе или 8 денари покачување за капитационен бод.

2.       Нови и реновирани болници:

–          Најстарата зграда на Интерни клиники после 70 години доби комплетно нов лик!

–          Реновирани се хируршките сали на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ. Направена е комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди.

–          Реновирани се и одделенијата за Дигестивна хирургија, Универзитетската Клиника за хематологија каде целосно беше  реновиран Одделот за трансплантација, Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија и одделот за интензивно лекување на Универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје.

–          Клиничкиот центар беше локација со најголем неред, а денес Клинички има сосема нов лик. Решен е проблемот со влезовите и излезите од комплексот, кон градските улици. Реконструирана и рехабилитирана е постоечката улична мрежа. Создадени се услови за движење на итната медицинска помош и амбулантните возила, инвалидизираните лица и лицата кои користат помагала, како и услови за движење со болнички помагала.

–          Отворен и пуштен во употреба е и новиот Ургентен центар во Општата болница во Куманово.

–          Реновиран Центарот за дијабетес при Универзитетската Клиника за ендокринологија.

–          Реновирана е Службата за Итна медицинска помош во Битола и Службата за Итна медицинска помош во Здравствениот дом во Велес.

–          Реконструирана е Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

–          Реконструкција во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

–          Во време на пандемија завршени и опремени се 19 монтажни болници во 16 градови, со најсовремени апарати и над 600 кревети.

Дополнително, набавени се 12 возила за Итната медицинска помош, од кои 6 за Здравствен Дом – Скопје со што за 100% е зајакната Итната медицинска помош.

3.       Квалитетни и достапни лекови:

–          Уништен е турскиот инсулин набавен со паралелен увоз , без сертификат, во време на ВМРО ДПМНЕ

–          Воведени се три нови инсулини и дијабетичарите сега имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет.

–          Укинати се квотите за лекови на рецепт со што лековите се достапни за граѓаните секој ден во месецот.

–          За 2 години воведени се пет нови лекови за рфетки болести:  лек за болеста фамилијарна амилоидна полиневропатија, лек за апластична анемија, лек за спинална мускулна атрофија, ампуларна и таблетарна терапија за пациентите со Гоше, лек за терапија за пациентите со идиопатска белодробна фиброза.

–          Обезбедени се биолошки лекови со што за првпат сите жени на коишто им е потребна терапија после операција или без операција на рак на дојка, отсега се покриени со целата терапија којашто им е потребна.

Ова се само дел од фактите коишто на Мицкоски ќе му помогнат на следните фејсбук статуси за да не остане недокажан, се вели во соопштението од СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.