НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува масовната имунизација, денес ќе се вакцинираат 3.000 граѓани

0
By Нова ТВ on April 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Масовното вакцинирање на населението против Ковид-19 во земјава официјално ќе почне од денеска во А1 Арената (сала „Борис Трајковски“). Закажани се термини за 3.000 граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со руската вакцина „Спутник В“.

Во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица од т.н. критична инфраструктура – вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други.

Според планот за имунизација, вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „Спутник“, донација од Србија, ќе се одвива на 48 пункта.

Во салата завчера беше направена проба како ќе функционира и ќе се координира масовната вакцинација – местата каде ќе се прави приемот на граѓаните, потоа индивидуалниот преглед и вакцинирањето, пунктови каде ќе се издаваат потврди со термини за ревакцинација, местото за фрижидерите за вакцините и друго.

Ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени. Во салата одредени се места каде вакцинираните ќе бидат под опсервација 15 до 20 минути. На самото место ќе има екипи на Итна медицинска помош, доколку има потреба да интервенираат.

Министерот за здравтсво Венко Филипче завчера при посетата на А1 Арената изјави дека на почеток во просек околу 4.000 луѓе дневно ќе бидат вакцинирани низ државата, а верува дека за кратко време ќе се исполни и планот да се достигнат  7.000 термини во еден ден, кога системот ќе профункционира во целост.

Од средата минатата недела почна вакцинацијата на лица над 77 години со вакцините на „Астра Зенека“. Вакцинацијата се одвива во скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Чаир“ и „Букурешт“, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци. Минатата недела во земјава стигнаа 24.000 вакцини на „Астра Зенека“, а за лицата над 75 години ќе се искористат 20 илјади.

Лицата помлади од 60 години нема да се вакцинираат со „Астра Зенека“. Оваа одлука нашите здравствени власти ја донесоа по примерот на Канада и на Германија. Но, за вакцините на „Астра Зенека“ се чека и официјалната одлука од Бордот на ЕМА. Засега се аплицира само кај постари граѓани и досега официјално не е пријавен ниту еден несакан ефект, исто како и од другите вакцини што се даваат. Единствен проблематичен случај е со 28-годишната девојка кај која се појавила тромбоза на вена на окото по примањето на „Астра Зенака“.

Процесот на имунизација против коронавирусот, кај нас почна 16 февруари, со вакцинирање на здравствените работници. Досега се вакцинирани 7005 здравствени работници. Над 4.000 примија вакцина на „Фајзер“ и беа ревакцинирани.

Околу 10.000 наши граѓани ја искористија можноста да се вакцинираат во соседна Србија.

Во земјата досега има пристигнато 78 илјади вакцини, од кои 48 илјади се донација од српската Влада.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.