НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: До Армијата не дошло барање за помош за спасувачката акција во Кратовско

0
By Нова ТВ on April 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Армијата не добила никакво барање за помош во спасувачката акција на завеаниот овчар во кратовските планински предели. Доколку такво барање дошло до неа, преку ноќ би било одобрено и Армијата би помогнала, како што тоа го направила многупати досега бидејќи има на располагање и армиски хеликопетри, но и стручни единици, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.

Тој вели дека овој случај е уште една поразителна и трагична приказна за државата.

-Таквото барање не е проследено воопшто до Армијата. Јас се зачудив кога го видов целиот извештај. Тоа е една поразителна и трагична приказна за сите нас како држава. Не сакам да употребувам повторно квалификаци за државата, но, се обратиле до Центарот за управување со кризи до општинскиот штаб и општината. Армијата многупати го прави тоа бидејќи има на располагање армиски хеликоптери кои да не кажувам во какви не ситуациии и во некои кои се помалку познати на јавноста има помагано, но такво барање не е дојдено воопшто, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на пригодна поштенска марка по повод  јубилејот 100 години од раѓањето на Блаже Конески

Да дошло такво барање, потенцира претседателот, јас ве уверувам дека тоа во сред ноќ ќе било одобрено.

-И тука не зборувам само за хеликопери и армиски единици кои се специјализирани за настап на планински терени во тешки временски услови, рече тој.

Вчера во јавноста и на националните мрежи излезе информација за лекар од Кратово кој интервенирал да спаси овчар од планински предел во Кратово, а за оваа акција не добил никаква помош од надлежните кои си ја префрлале одговорноста едни на други.

извор: независен.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.