– На работната средба со Алијанса за Албанците и Алтернатива изразивме јасни ставови и подготвеност за решавање на проблемот со законот за државјанство. Ќе го поддржиме решението што е најприфатливо за да се реши статусот и овие лица. Затоа апелирам да се ослободат ден порано законите зашто не правиме никому добро, вели македонскиот премиер Зоран Заев…
Тој посочи дека очекува неделава да се донесат законите од петтиот сет економски мерки и упати апел секој да ја исполни сопствената одговорност.
-Очекувам оваа недела ако може да се заврши. Повторно ја испраќам пораката сите да го завршиме својот дел од одговорноста пред нашите граѓани и да не ги залекуваме било кои суети, ставови на грбот и на штета на граѓаните, рече премиерот на денешната прес – конференција што се одржа во Владата.