НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забрана за движење од 20 часот: Ова се новите мерки на Владата

0
By Нова ТВ on April 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на денешната седница ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести за заштита и спречување на ширењето на Ковид – 19. Премирот Зоран Заев на прес – конференција рече дека поради растот на бројот на заразени и починати, а на предлог на министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести донесени се повеќе рестриктивни мерки.

Новите мерки предвидуваат забрана и посебен режим на движење на граѓаните од 20 до 5 часот наутро, почнувајќи од утре, до 20 април. Оваа запрана според насоките нема да важи за лицата кои извршиле имунизација и нив ќе им биде дозволено враќање дома и за време на полицискиот час.

Меѓу другото се воведува и целосна забрана за посетители и гости во сите ресторани, кафулиња, хостели, мотели, хотели, а оние кои подготвуваат храна може да ја доставуваат онлајн или по нарачка преку телефон, почнувајќи од 7 април до 20 април. Исклучок се угостителските објекти во аеродромите во Скопје и Охрид, како и за хотелите, мотелите и хостелеите, за гостите сместени во објектите.

Ваквата информација на својот фејсбук профил ја соопшти и министерот за економија Крешник Бектеши и повика на разбирање и соработка се со цел надминување на оваа ситуација.

За истиот временски период се воведува забрана и за посета на обзложувалниците, а уплата ќе се врши само на шалтер.

Повторно се воведува забрана за посета на сите фитнес сали, теретани и слично. Се забрануваат семинари, обуки, курсев.

На земјоделците им се дозволува одење на нива и на пазари.

Сите кои живеат во колективни домови и имаат куче може да ги шетаат своите миленици од 22 до 23 часот, најмногу до 100 метри околу објектот.

Останува забрана за групирање на повеќе од четворица на отворено.

Владата ги повика сите граѓани да ги почитуваат мерките, да не се организираат прослави и собири.

Министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека новиот сој на корона вирусот остава посериозни последици кај заразените, поради што и се лекуваат подолго. Затоа, како што посочи, се воведуваат овие нови рестрикции со цел да се спречи брзото ширење, а со тоа и пренатрупување на билниците со пациенти, особено сега кога доаѓа период во кој има голем број празници.

Според премиерот Зоран Заев не треба да се бара одговорност за новонастанатата ситуација од никого особено не од здравствените власти и работници бидејќи како што посочи тие се херои кои заслужуваат ордени и благодарници.

Заев истакна дека властите во земјава секогаш носеле и носат мерки кои се врз база на анализите и се слични со тие во други земји.

Премиерот Заев соопшти и дека деновиве повторно ќе се сретне со претставниците на Алијанса за Албанците и Алтернатива со цел да се изнајде заемно прифатливо решение за законот за државјанство со што би се одблокирала работата на Собранието, а со тоа би се изгласале и законите за мерките од петтиот пакет економска помош.

Со новите рестрикции не се предвидува затворање на границите бидејќи е увидено дека заразата се шири дома, истакна македонскиот премиер.

Заев ги повика граѓаните да се вакцинираат бидејќи на тој начин како што посочи ќе ја победиме пандемијата, но нагласи дека секој, па дури и високите функционери, треба да го почитуваме редот.

За вакцините кои нашиот северен сосед Србија ги даде како донација за земјава Заев соопшти дека во знак на благодарност разгледуваат мерки за возвраќање кон српскиот нарор. Меѓу нив се размислува и за ослободување од плаќање на патарина за српските државјани во периодот од јуни до август. Според пресметките би се одвоиле околу 700 илјади евра за оваа намена.

– Верувам дека ќе претставува нешто што најмалку можеме да направиме за да возвратиме заради тоа што да се даде помош и да се сподели со нешто кое недостига насекаде во светот со својот сосед е посебно за почит и не постои друг начин како да се возврати ни од блиску, но најмалку што можеме да направиме е да возвратиме кон српскиот народ заради тоа што тие вакцини не само што дојдоа во време кога ни требаа, туку и чинат пари, а ги добивме како донација, додаде Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.