Премиерот Зоран Заев му честиташе за победата на својот колега од Бугарија Бојко Борисов на парламентарни избори, како и за успешно спроведениот изборен процес спроведен во најсилниот бран досега од почетокот на пандемијата со Ковид – 19 во светот.
Во однос на разговорите околу недаразбирањата меѓу двете земји рече дека очекува нивно продолжување во духот на пријателството и добрососедството како и согласно Договорот за добрососедство од 2017 година по формирање на новиот владин состав.
-Остануваме на истиот став. Прво да им честитам на бугарскиот народ на успешно спроведените избори. Се случува навистина во еден од најсилните бранови од кога постои пандемијата во овие повеќе од 12 месеци, да им честитам на сите за мандатите. Секако на премиерот Борисов, за победата заради тоа што тие победија на изборите. Им посакувам мудрост, памет од Господ како е најдобро за нивниот народ така да ги организираат разговорите. Ние ќе чекаме да се состават владините институиции, односно да се формира Владата за да нормално после тоа продолжиме со разговорите, вели македонскиот премиер.