Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва на Фејсбук објави дека првиот ден од почетокот на масовната вакцинација во земјава што се спроведува во А1 арената Борис Трајковски поминал одлично. Според информациите кои ги сподели во просек за еден час се вакцинирале по околу 300 граѓани или само денеска имунизирани се околу 3.000 лица.
– Денес се вакцинираа дел од здравствените работници како и еден дел од припадници на МВР. Утре продолжува вакцинациајта на МВР и започнува на припадниците на АРМ. Колегите ме информираат дека целиот систем функционира беспрекорно и тоа многу ме радува. Да бидеме максимално претпазливи во неделите што следат и да ги почитуваме мерките без исклучок. Од утре стапуваат на сила поригорозни мерки и сите да го дадеме својот придонес во битката со пандемијата, порача Филипче.