НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Инвестициите во развојот на човечкиот капитал се од исклучителна важност за напредокот на економијата

0
By Нова ТВ on April 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Инвестициите во развојот на човечкиот капитал се од исклучителна важност за напредокот на државата, а особено во секторите образование, здравство и социјална заштита. Како земјите се справуваат со последиците од кризата предизвикана од ковид 19 пандемијата и ударите врз здравството, образованието, ранливите категории на граѓани и работните места, градењето одржливи и инклузивни системи отпорни на идни шокови, промовирањето на економски можности и истовременото обезбедување фискална одржливост, беа темите дискутирани од страна на министрите за финансии и развој од различни земји во светот, заедно со потпретседателот на Светската банка за развој на човечки капитал, Манта Мурти и претседателот на Групацијата на Светска Банка, Дејвид Малпас.

Од Министерството за финансии информираат дека  министерот за финансии  Фатмир Бесими ја нагласи поддршката на Владата и Министерството за финансии во инвестициите на човечки капитал, за што зборува и приклучувањето на земјата кон проектот „Човечки капитал“ на Светска банка.

– Реформите во здравството, образованието и социјалната сфера се отпочнати, но, исто така, ни претстои голема работа по однос на истите. Од аспект на финансирањето во овие сектори, предвидени се зголемени средства како дел од БДП, истовремено имајќи ја предвид и ефикасноста на овие инвестирања. Реформите кои ги отпочнавме во соработка со Светска банка овозможија пoефективна државна интервенција при справувањето со последиците од кризата, притоа олеснувајќи ги каналите на дистрибуција на јавните услуги. Ние продолжуваме со овие клучни реформи понатаму, кои се основа за понатамошен раст и развој, истакна министерот Бесими.

Министерот Бесими потенцира дека активно се работи на мерки и активности што ќе придонесат за унапредување на развојот на човечките ресурси, како еден од столбовите на кои се темели Стратегијата за финансирање забрзан раст.

– Мерките и активностите кои се носат со цел унапредување на образованието, науката и здравството, поголема активност на работоспособното население, како и мерките за зголемување на социјалната заштита ќе го подобрат квалитетот на живот на нашите граѓани, истакна министерот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.